Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска во просториите на судот оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. 

Темите на разговор беа административно-финансиската независност на Уставниот суд и прашањата кои се поврзани со техничките услови во коишто работи Судот.

Претседателката Кацарска истакна дека вработените во службата не може да бидат третирани како административни службеници, туку имаат друг статус согласно Деловникот на Судот во кој се уредени овие прашања, бидејќи Уставниот суд е посебен орган на Републиката со исклучителни надлежности кои не ги дели со ниту една друга институција и административната самостојност е предуслов за остварување на уставната позиција на Судот. 

Министерот Алити покажа интерес за прашањата со кои се соочува Уставниот суд и најави дека подетално ќе се запознае со сите околности и ќе ги разгледа можностите за подобрување на условите за работа во Судот.