Претседателката на Судот Добрила Кацарска учествуваше на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска учествуваше на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови во која членува и Уставниот суд на Република Северна Македонија. Станува збор за подготвителен состанок на кој се разгледуваа прашања и теми поврзани со одржувањето на 19. Конгрес на оваа конференција која е планирана да се одржи во периодот од 21-24 мај 2024 година во Кишињев, Молдавија. Утврдена е темата за следниот Конгрес, дадени се насоки за изготвување на прашалник кој треба да го одговорат сите членки, a кој се однесува на формите и границите на судиското почитување во случајот на уставните судови. На состанокот беа  утврдени предлог измени на Статутот на Светската конференција на уставна правда.