Посета на делегација на Уставниот суд на Република Србија

Од 3-6 ноември 2011 година во посета на Уставниот суд на Република Македонија ќе престојува делегација на Уставниот суд на Република Србија предводена од претседателот на Судот д-р Драгиша Слијепчевиќ.

Посетата се реализира во рамките на редовната програма на Уставниот суд на Република Македонија за меѓународна соработка.

Претставниците на двата суда ќе разменат искуства од нивната работа.

Уставен суд на Република Македонија
Служба за информирање