На 6 декември 2011 година, делегација на Мониторинг комитетот на Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа во состав од Јан Микалеф, АНдре Бухман, Јенс Воелк и Седеф Чанкоџак беше примена од страна на судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, во својство на судија што го заменува претседателот на Судот. На средбата се разговараше за уставните и законските гаранции на локалната самоуправа, улогата на Уставниот суд во нејзината заштита и уставно-судската практика на Уставниот суд поврзана со локалната самоуправа.
На средбата присуствуваа и судијата на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска, генералниот секретар Милица Николовска и државниот советник Татјана Јањиќ-Тодорова.