Официјално отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Од 23- 26 јануари 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и генералниот секретар на Уставниот суд г-ѓа Милица Николовска присуствуваа на официјалното отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Настанот започнa со семинар на тема „Улогата на консензусот во системот на Европската конвенција за човекови права“, по што следуваше формална церемонија на која се обратија претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста и г-ѓа Луиз Арбур, Висок комесар за човекови права на Обединетите нации.

Во рамките на посетата, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средби со претседатели на уставните судови на повеќе европски земји како и со претставници на неколку меѓународни
институции и организации.