Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Словенија на Уставниот суд на Република Македонија

Уставниот суд на Република Македонија Ве известува дека на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Словенија од 25-27 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија.

Во рамките на оваа посета, судијата на Уставниот суд на Република Словенија д-р Цирил Рибичич, на 26 октомври 2007 година (петок) ќе одржи предавање на тема: „Заштита на човековите права во Европската Унија и Советот на Европа“. Предавањето ќе се одржи во просториите на Академијата за обука на судии и обвинители во Скопје, од 12.30 – 13.15 часот.