Он-лајн Семинар на тема: „Одлуките на Сојузниот уставен суд на Германија и судската пракса на Уставниот суд на Република Северна Македонија за КОВИД-19“

Во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), Уставниот суд на Република Северна Македонија организираше он-лајн семинар на тема „Одлуките на Сојузниот уставен суд на Германија и судската пракса на Уставниот суд на Република Северна Македонија за КОВИД-19“. Целта на семинарот беше да се споделат искуствата, да се направи советување и споредба на досегашната уставно-судска пракса на двата Суда поврзани со пандемијата од смртоносниот коронавирус КОВИД-19.

На семинарот воведни говори имаа претседателот на Судот, Сали Мурати и д-р Штефан Пирнер, адвокат и регионален проектен раководител при ИРЗ за Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Настанот се одржа под покровителство на германската амбасада во Скопје и беше поздравен од Н.Е. Анке Холштајн, амбасадор на СР Германија во Република С. Македонија.

За праксaта на двата судови, свои опширни излагања имаа претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и проф д-р Удо Штајнер, пензиониран судија на Сојузниот уставен суд на СР Германија.

На крајот, по широката дискусија, од страна на д-р Штефан Пирнер и од претседателот на Судот, Сали Мурати беше заеднички заклучено да се продолжи со одржување на работилници и семинари за прашања од уставната правда.