Консултативен он-лајн состанок со Германската фондација за меѓународно-правна соработка, регионално здружение (ИРЗ) во рамките на повеќегодишниот проект „Воведување на сеопфатна уставна жалба“

Со цел продолжување на успешната соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ), на нивно барање беше одржан консултативен он-лајн состанок помеѓу Уставниот суд на Република Северна Македонија, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија и Германската фондација за меѓународна правна соработка регионално здружение (ИРЗ). Целта на состанокот беше да се определат заедничките активности во рамките на повеќегодишниот проект „Воведување на сеопфатна уставна жалба”, којшто беше инициран од претходниот германски амбасадор во Република Северна Македонија, г. Томас Герберих.

На состанокот покрај Претседателот на Судот, г. Сали Мурати и д-р Штефан Пирнер, адвокат и регионален проектен раководител при ИРЗ за Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, присуствуваа и г-ѓа Бјанка Зафировиќ Ордановска, советник за политички прашања во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија, г. Александар Лазов, генерален секретар на Судот и г. Винфрид Шуберт, судија на покраински уставен суд во пензија.

По широката дискусија, на крајот, од страна на д-р Штефан Пирнер и од претседателот на Судот, Сали Мурати беше констатирано дека воведувањето на уставната тужба ќе има позитивно влијание врз целото македонско демократско општество. Притоа, потребно да се спроведе детална анализа на состојбите во Судот, но истовремено и на актуелната политичка состојба. Сите чекори, во рамките на овој проект ќе се превземаат постепено и ќе бидат во насока на укажување и охрабрување на извршната и законодавната власт од неопходност за итно донесување на Закон за Уставен суд на Република Северна Македонија.