Известување за одржување подготвителна седница

Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 18 мај 2021 година (вторник) со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020 во кој е оспорена уставноста на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр.08-1411/1 од 16 февруари 2020 година и Законот за јавното обвинителство (двата акти објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020).