Известување за одржување на подготвителна седница

Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 22 октомври 2020 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.137/2019 во кој е оспорена уставноста на член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015,197/2017 и 83/2018) и член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и став 4, во делот: „во случај на груба повреда од одредбите за постапката“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).