Известување за одржување на подготвителна седница

Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 9 октомври 2008 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.200/2007 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка 3 од Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/1995, 20/1998, 40/1999 и 31/2003) и член 1 и 2 од Законот за дополнување на Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2005).