Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 1 ноември 2007 година со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судии го избра судијата д-р Трендафил Ивановски за Претседател на Уставниот суд на Република Македонија.