Подготвителен состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009 година во Букурешт.

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, генералниот секретар на Уставниот суд Милица Николовска и државниот советник за меѓународна  соработка Татјана Јањиќ –Тодорова присуствуваше на подготвителниот состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009 година во Букурешт.

На подготвителниот состанок делегации од 38 уставни судови од Европа расправа за организационите и финансиските аспекти на XV Конгрес на Европската конференција на уставните судови што ќе се одржи во м ај 2011 година во Букурешт, на тема: „Уставна правда: функции и односи со другите јавни власти“ (со посебен осврт на односот на уставните судови со Парламентот и Владата, како и на извршувањето на одлуките на уставните судови).

На состанокот беше прифатена кандидатурата на Уставниот суд на Австрија да биде домаќин на наредниот, XVI Kонгрес што треба да се одржи во мај 2014 година во Виена.

На подготвителниот состанок се расправаше и за Нацрт статутот на Светската конференција за уставната правда. Иако идејата за соработка на уставните судови на светско ниво беше поздравена од сите учесници, Нацрт статутот на
конференцијата не беше прифатен бидејќи имаше определени резерви во врска со институтционалната поставеност на Светската конференција.