Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Република Бугарија

Во период од 4-7 јуни 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Бугарија, делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г. Никола Ивановски и уште шест судии на Судот, ќе оствари билатерална средба со Уставниот суд на Република Бугарија.

Во текот на работниот дел на билатералната средба, уставните судии ќе разговараат на тема: „Уставната заштита на избирачкото право“ и „Уставното судство – прокламативна или вистинска независност“, како и за други теми од областа на уставното право и уставно-судската практика.

Делегацијата на Уставниот суд на Република Македонија ќе биде примена и од Претседателот на Република Бугарија, Н.Е. г. Румен Радев и од Заменик претседател на Владата на Република Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева.

Со оваа посета отпочнува вториот циклус на билатерални средби меѓу двата уставни суда.