Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Црна Гора

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија од 22 – 25 април 2010 година престојуваше во билатерална посета на Уставниот суд на Црна Гора.

За време на посетата беше остварена работна средба со претседателот и судиите на Уставниот суд на Црна Гора на која се разговараше за актуелните состојби во работењето на уставните судови на двете земји како и за потребата од продлабочување на нивната заемна соработка преку размена на искуства и уставно судска практика. Делегацијата на Уставниот суд на Република Македонија беше примена од претседателот на Црна Гора г-дин Филип Вујановиќ, а беше остварена посета и на црногорската престолнина – Цетиње.