9/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 12 став 1 алинеја 1 и член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Република Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 26 февруари 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за упатување на работници на принуден платен одмор, донесено од Работничкиот совет на Претпријатието во општествена сопственост Рудници и железарница “Скопје” во Скопје, на седницата одржана на 1 ноември 1990 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за оценување уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се воведувал нов институт во работно-правните односи – принуден одмор, кој немал основ во закон, бидејќи одморите и отсуствата се права кои зависат од диспозицијата на работникот, а оспорената одлука одморот го третира како обврска, поради што таа не била во согласност со Уставот и со закон.
3. На седницата Судот утврди дека за оспорената одлука Судот веќе расправа и со Одлука У.бр.51/91 од 30 октомври 1991 година го одбил предлогот на Основниот суд на здружениот труд во Скопје, а по повод оваа иницијатива не наоѓа основа за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.