89/1999-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 јуни 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на точките а), б) и в) од став 2 на член 2 од Одлуката за определување на цените за вода, канализација и одведување и пречистување на отпадните води за корисници од општина Охрид и општина Струга, донесена од Управниот одбор на МЈП “Проаква” – Струга, на седницата од 1 февруари 1999 година.
2. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на точките а), б) и в) од став 2 на член 2 од одлуката означена во точката 1 од ова решение.
3. Ѓуровски Милан од Охрид, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оце нување законитоста на актите означени во точките 1 и 2 од ова решение, затоа што предвидувале надоместокот за канализација од корисниците да се наплатува независно од тоа дели канализацијата е вклучена во колекторот и што корисниците кои немале инсталирано мерни инструменти, надоместокот за користењето на вода, канализација и пречистув ањето на отпадните води го плаќале паушално.
4. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се определуваат цените на услугите за корисниците на вода, канализација и одведување и пречистување на отпадните води од општините Охрид и Струга.
Ставот 1 на членот 2 од Одлуката го регулира прашањето на користењето на овие услуги од страна на корисниците што имаат вградено мерни инструменти според кои се определува цената за извршената услуга.
Притоа, Одлуката предвидува индивидуалните корисници – домакинства за вода да плаќаат по 75,00 денари за член; за канализација по 20,00 денари за член и за одведување и пречистување по 30,00 денари за член.
5. Во членот 18 од Законот за водите меѓу другото, е предвидено дека водостопански објекти во смисла на овој закон се објектите со кои се врши обезбедување, зафаќање, доведување и подготовки на вода за водоснабдување на населението, индустирските и другите стопански и комунални потреби (водоснабдителни објекти) и дека водостопански објекти и постројки се и објекти со кои се врши зафаќање, доведување и пречистување на загадени отпадни води и нивно одведување до реципиентот (објекти за заштита на водите).
Во тој контекст, согласно член 97 став 1 од Законот хидросистем, во смисла на овој закон, е хидротехничка или организационо-техничка целина која се состои од водостопански објекти и постројки, со кои се уредува режимот на водите, се обезбедува и доведува вода за потребите на разните видови корисници, како и објекти за одведување на отпадните води, заштитни објекти и објекти за одведување на одвишни, површински и подземни води.
Согласно член 101 од овој закон, меѓу другото, правните и физичките лица кои користат вода од хидросистемите се должни да вградат уреди за мерење на искористената или употребената вода.
Исто така, согласно член 19 од Законот за комуналните дејности, канализациони системи со пречистителни станици претставуваат колекторските системи за заштита на: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро и други системи утврдени со закон.
Членот 27 од овој закон предвидува висината на цената и начинот на плаќање на комуналните услуги, да ја определува управниот одбор на јавното претпријатие, по претходна согласност на основачот.
Согласно член 29 алинеи 1 и 4 од овој закон, плаќањето на комунални услуги се врши во следниве мерни единици: обработка и испорака на вода – ден/м 3 и одведување и пречистување на отпатни води – ден/ м 3.
Од наведените одредби, произлегува дека: во хидросистемот, меѓу другото, спаѓаат и објектите за одведување на отпадните води; дека правните и физичките лица кои користат вода од хидросистемите се должни да вградат уреди за мерење на искористената или употребената вода; дека канализационите системи со пречистителните станици всушност претставуваат колекторски системи; дека висината на цената и начинот на плаќањето на комуналните услуги ја определува управниот одбор на јавното претпријатие и дека обработката и испораката на вода и одведувањето и пречистувањето на отпадните води се врши според мерни единици: ден/м 3.
Имајки го предвид изнесеното, Судот утврди дека корисниците на вода, канализација и одведување на пречистување на отпадните води, кои немаат мерни инструменти, се должни истите да ги вградат, односно дека не е согласно со Законот за водите и Законот за комуналните дејности овој надоместок да се наплатува во паушален износ.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојм ен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.89/99
9 септември 1999 година
С к о п ј е
сд.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков