86/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 11 декември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 28 став 3 во делот “адвокатска” од Законот за персоналниот данок на доход (“Службен весник на Република Македонија” бр. 80/93, 3/94, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 2/02 и 52/02).

2. Слободан Димитров, адвокат од Битола, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од законот означени во точката 1 од ова решение.

Бидејќи со оспорената одредба адвокатската дејност, во однос на приходите и даночните обврзници за плаќање на данокот на доход, се поистоветувала со вршење самостојна дејност и давање интелектуални и други услуги, подносителот смета дека оваа одредба не била во согласност со членот 53 од Уставот и Законот за адвокатурата, според кои адвокатурата била самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, а не врши професионални и други интелектуални услуги.

Сметајїи дека примената на одредбата од Законот во оспорениот дел їе доведе до теѓко отстранлива материјална ѓтета на адвокатската слуюба, во иницијативата, освен укинувањето на оспорениот дел од одредбата, се предлага Судот, до донесување на конечната одлука да изрече и времена мерка за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оваа одредба.

3. Судот на седницата утврди дека според член 28 став 3 од Законот, под приходи од професионални и други интелектуални услуги се подразбираат приходите од здравствена, стоматолошка, ветеринарна, адвокатска (оспорен дел), нотарска, консултанска, ревизорска, инжинерска, архитектонска, новинарска, спортска и друга интелектуална дејност.

4. Според член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други давачки и да учествува во намирувањето на јавните давачки на начин утврден со закон.

Во член 53 од Уставот, адвокатурата е утврдена како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.

Според Законот за адвокатурата, адвокатот има право на награда и надоместок на трошоците за извршената работа според Тарифата за наградата и надоместокот на трошоците за работа на адвокатите, која ја донесува Адвокатската комора на Република Македонија.

Според член 1 од Законот за персоналниот данок на доход, со овој закон се воведува персоналниот данок на доход и се уредува начинот на оданочувањето на доходот на граѓаните.

Во членот 3 од овој Закон се утврдуваат видовите на приходи кои го сочинуваат доходот што подлежи на оданоеување, и меѓу останатите, во овој член се утврдени и приходите остварени од вршење на самостојна дејност.

Под приходи од самостојна дејност според членот 28 став 1 од Законот се сметаат приходите остварени од стопанска дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги, како и приходи од зејоделска дејност кои не се опфатени со катстарскиот приход и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.

Во наредните ставови на овој член од Законот посебно е утврдено што се подразбира под приходи од стопанска дејност (став 2), под приходи од професионални и други услуги (став 3) и под приходи од земјоделска дејност (став 4).

Обврзник на персоналниот данок на доход за приходите од самостојна дејност, според член 29 од Законот, е физичко лице-трговец, трговец поединец, како и физички лица што се занимаваат со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност од членот 28 од овој закон.

Од анализата на наведените уставни и законски одредби произлегува дека уставно право е на законодавецот, со закон да ги утврдува даноците и другите јавни давачки, дека ова уставно право не е ограничено ниту во поглед на предметот на одданочување, ниту во поглед на субјектите и дека во рамките на остварувањето на ова уставно право законодавецот, со Законот за персоналниот данок на доход не само што го вовел овој вид на данок, но го уредил и начинот на оданочувањето, а во тие рамки го утврдил и предметот на оданочување и даночните обврзници.

Од наведените уставни одредби исто така произлегува дека утврденото својство на адвокатурата во членот 53 од Уставот, како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, не може да се смета како забрана, односно ограниеување на правото на законодавецот при остварувањето на неговото овластување од членот 33 од Уставот, како обврзници да ги утврди, меѓу другите, и адвокатите и приходите што тие ги остваруваат од вршење на работите согласно Законот за адвокатурата, да ги третира како приходи од самостојна дејност, односно како приходи од професионални и интелектуални услуги во смисла на овој закон.

Ова од причина што уставно утврдената обврска во членот 33 од Уставот за плаќање на данок и други давачки се однесува на “секој” под кој термин се подведуваат и адвокатите, а од друга страна, со утврдувањето на адвокатската дејност, како самостојна дејност и на приходите што ги остваруваат адвокатите, како приходи од профсионални и други услуги не се загрозува самостојноста и независноста на адвокатурата во смисла на членот 53 од Уставот, а ниту се доведува во прашање нејзиниот статус на јавна служба.

6. Врз основа на наведеното Судот оцени дека оспорената одредба од Законот не е во несогласност ниту со член 33, ниту со член 53 од Уставот, во кој член инаку е утврден само статусот и надлежноста на адвокатурата, а не и нејзиниот третман во поглед на плаќањето на даноци и други давачки, поради што и одлуци како во точката 1 од ова решение.

7. Во врска со барањето, до донесување на конечна одлука, Судот да ги запре од извршување поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оспорената одредба од Законот, Судот оцени дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија за изрекување на ваква мерка.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.86/2002
11 декември 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов