78/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 март 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Решението У.бр.76/95 и У.бр.173/95, донесено од Уставниот суд на Република Македонија на 13 декември 1995 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива од Стојан Маџоски од скопје, за преиспитување на решението означено во точката 1 од ова решение, затоа што со него се определувало дека Правилникот за платите и надоместоците на платите во Министерството за одбрана од 1994 година не претставува пропис во смисла на член 110 став 2 од Уставот на Република Македонија, а тоа не било засновано на одредбите од Уставот и Деловникот на Судот.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, судот оцени дека основи за поинакво одлучување, поради што, согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.78/96)