76/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 декември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на член 9 став 2, член 21 став 2, член 33 точка д/алинеја 1 и 5 од Правилникот за платите и надоместоците на плат ите во Министерството за одбрана, донесен од Министерот за одбрана на 1, 21 и 23 ноември и на 20 декември 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му се поднесени иницијативи, од Крсто Додевски и Стојан Маџовски од Скопје, за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од правилникот озна чен во точката 1 од ова решение, затоа што со член 9 став 2 од Правилникот воените старешини биле ставени во нееднаква положба со другите вработени на тој начин што работната недела можела да им трае неодреден број часови во текот на работната недела; потоа, што со член 21 став 2 од Правилникот се оневозможувало зголемување на платата на военит старешини за работа во неработни денови, на празници, ноќе и за работа подолга од 40 часа во неделата и што со таа одредба се регулирала материја од надлежност на Владата на Република Македонија; понатаму, што со член 33 точка д) алинеја 1 од Правилникот воените старешини во единиците и установите на Армијата на Република Македонија немале еднакви права по основ на дежурство со вработените во Центарот на воено-здравствени установи и што со таа одредба не се признавало право на зголемување на плата за пре кувремена работа на воените старешини од единиците и установите; конечно, што со член 33 точка д) алинеја 5 од Правилникот вработените во гранична служба биле привилегирани во однос на другите вработени со тоа што можеле да остваруваат надоместоци на плата истовремено по повеќе основи за разлика од другите вработени, поради што оспорените одредби од Правилникот не биле во согласоност со член 9 и член 32 став 5 од Уставот на Република Македонија, потоа, со членовите 5, 30, 35, 37 и 74 од Законот за работните односи и со член 123 од Законот за одбраната, како и со член 40 од Општиот Колективен договор за државните органи.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценување уставноста и законитоста на пропис со кој орган на државата уредува определени прашања во врска со вршењето на јавна власт, за што, согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија, е надлежен да одлучува Уставниот суд на Република Македонија, туку на акт со кој органот на државата уредува внатрешни работно-правни прашања во својство на работодавец.
Поради тоа, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.76/95 и 173/95