70/2013-0-2

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 26 февруари 2014 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 31 ставови 10 и 11, член 52 точка 11, член 53 став 2, во делот

2. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.бр.70/2013 од 4 декември 2013 година, поведе постапка за оценување на уставноста на членовите од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за нивната согласност со Уставот на Република Македонија.

3. Собранието на Република Македонија, како доносител на актот, до Уставниот суд на Република Македонија достави одговор по наводите во решението за поведување постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за енергетика.

4. На седницата на Судот одржана на 26 февруари 2014 година, предлогот за укинување на оспорените одредби од Законот не го доби потребното мнозинство на гласови.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот Елена Гошева и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир

У.бр.70/2013
26 февруари 2014 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева