56/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 јуни 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување Детален урбанистички план на урбанистичката единица бр.14 и 61 (нас. Тасино Чешмиче и Црниче) – Скопје, донесена од Советот на општина “Кисела Вода”, на седницата од 13 мај 1998 година.

2. Босилка и Ристо Витанови од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесоа иницијатива за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што по спроведената јавна анкета по оспорената измена и дополна на Деталниот урбанистички план на оваа урбанистичка единица, на која подносителите на иницијативата учествувале и преку анкетен лист и дале свои забелешки во однос на нивната градежна парцела, Советот на општина Кисела Вода истите не ги земал предвид, со што парцелата им била намалена за десетина метри, за што не биле ниту писмено известени, што било несогласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање.

3. Судот на седницата утврди дека со членот 1 од Одлуката се вршат измени и дополнувања кои се однесуваат на: разграничување на просторот што и припаѓа на општината “Кисела Вода” (нас. Црниче) по нови катастарски парцели; усогласување на катастарскате со урбанистичките парцели во смисла на спроведување на актот за признавање на предимствено право на користење на градежното земјиште, делумни измени и дополнувања на планот во границите на утврдениот зафат, предвидување на нови индивидуални станбени објекти; потврдување на индивидуални станбени објекти и доградби; дефинирање на урбанистички парцели и пристапи; предвидување на доградби и надградби на индивидуални станбени објекти,; промена на габарит на новопредвидени објекти; предвидување и потврдување на деловни објекти и пренамена на просторот.

Согласно член 3 од Одлуката составен дел на Планот, меѓу другото, се: текстуалниот дел, графичките прилози и извештај од јавната анкета.

Членот 4 од Одлуката содржи одредби од процедурална природа според кои изменувањето и дополнувањето на Деталниот урбанистички план се заверува со печат на Советот на општина “Кисела Вода” и потпис на претседавачот на Советот на Општината.

Членот 6 од Одлуката предвидува измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план со сите негови делови да се чува, следи и за неговата реализација да се грижи Одделението за урбанизам на Општината.

Последниот член од Одлуката (7) содржи одредба според која истата влегува во сила осмиот ден од објавувањето во “Службен гласник на град Скопје”.

4. Согласно член 17 став 3 од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, по нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета.

Во ставот 5 на овој член од Законот, меѓу другото, е предвидено дека јавната анкета по деталниот урбанистички план ја организира општината.

Согласно член 18 став 1 од Законот јавната анкета се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 15 дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, на анкетни листови, доставуваат писмени забелешки до организаторот на анкетата.

По завршувањето на јавната анкета, согласно член 18 став 4 од Законот, општината изработува извештај со образложение за неприфатените забелешки кој е составен дел на документацијата на планот.

Од изнесените одредби произлегува дека Законот ја овластува општината по нацрт деталните урбанистички планови да спроведе јавна анкета на која можат да присуствуваат заинтересираните граѓани и правни субјекти од подрачјето опфатено со нацрт планот, со право преку анкетни листови да дадат забелешки по истиот, а општината, по завршувањето на јавната анкета, изготвува извештај со образложение за неприфатените забелешки.

Во конкретниов случај, подносителите на иницијативата учествувале на јавната анекта и преку анектниот лист дале забелешки во смисла што побарале: 1) нацрт-планот да се дополни со предвидување на доградба на нивниот постоечки станбен објект, што било прифатено и 2) да се изврши измена на граничната линија на нивната градежна парцела, што не било прифатено.

Извештајот со образложение за неприфатените забелешки заедено со предлог-планот бил усвоен од Советот на општината Кисела Вода, меѓутоа истиот не им бил доставен на подносителите на иницијативата, затоа што за тоа не постои законска обврска.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот оцени дека постапката за измена и дополнување на деталниот урбанистички план за населбата “Црниче” – Скопје, била спроведена согласно Законот за просторното и урбанистичко планирање, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 56/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
9 јуни 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Јосиф Талевски Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 јуни 1999 година, донесе

У.бр. 56/99
9 јуни 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков