53/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 3 јули 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за специјализација и субспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/2002), донесен од Министерот за здравство.

2. Здружението на лекарите специјалисти по школска и универзитетска медицина-Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот означен во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата, министерот за здравство без претходно прибавено мислење на соодветната високообразовна организација го донесол оспорениот Правилник со кој во членот 1 утврдил дека во Правилникот за специјализација и субспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование (“Службен весник на РМ” бр.1/92, 18/93, 53/95, 61/95, 59/96 и 20/2000) во членот 2, став 1, точка 28 зборовите “28 Училишна медицина 36 месеци” се бришат, и со бришењето на оваа специјализациска гранка се предизвикуваат штетни последици по досегашното организирано диспанзерско заштитување на здравјето на учениците, младината и студентите. Подносителите на иницијативата укажуваат дека оспорениот Правилник не бил во согласност со членот 39 од Уставот на Република Македонија и членот 146 од Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/91, 46/93 и 55/95).

3. На седницата Судот утврди дека согласно членот 39 од Уставот на Република Македонија, на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и дол`ност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Со Законот за здравствена заштита (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.38/91, 46/93 и 55/95 – пречистен текст бр.17/97), во членот 1 е утврдено дека со овој закон се уредуваат правата од здравствената заштита на граѓаните, односите и правата од здравственото осигурување, постапката на користењето на здравствената заштита и системот и организацијата на здравствената заштита.

Согласно членот 146 од наведениот закон, здравствените работници и здравствените соработници со висока стручна подготовка мо`ат да специјализираат и да субспецијализираат од определени гранки на медицината, стоматологијата, односно фармацијата.

Специјализацијата, односно субспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници се врши според прописите со кои се уредуваат постдипломските студии ако со овој закон не е поинаку определено.

Гранките на специјализациите и субспецијализациите, времето на нивното траење и деловите на ста`от на специјализациите ги пропишува Министерството за здравство по претходно мислење на соодветната високообразовна организација.

Правилникот за специјализација и субспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.1/92), донесен врз основа на членот 146 став 3 од Законот за здравствена заштита, во членот 2 ги набројал гранките од медицината по кои здравствените работници со завршен Медицински факултет мо`ат да специјализираат со определено времетраење, и под реден број 28, ја предвидел училишната медицина со времераење од 36 месеци.

Гранките од медицината за специјализација на здравствените работници утврдени со наведениот Правилник, биле предмет на изменување и дополнување со Правилници објавени во “Слу`бен весник на Република Македонија” бр. 18/93, 53/95, 61/95, 59/96, 20/2000 и со Правилникот објавен во “Слу`бен весник на Република Македонија” бр.4/2002, а за кој се однесува поднесената иницијатива пред овој Суд.

Со оспорената одредба од членот 1 на Правилникот е утврдено дека во Правилникот за специјализација и субспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.1/92, 18/93, 53/95, 61/95, 59/96 и 20/2000) во член 2 став 1 точка 28 зборовите: “28 Училишна медицина 36 месеци” се бришат, а точките 29, 30, 31 и 32 стануваат точки 28, 29, 30 и 31.

Овој Правилник е акт на министерот за здравство, кој согласно членот 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на др`авната управа (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.58/2000), го донесол врз основа на овластувањето кое му е дадено како претставник на Министерството за здравство, согласно членот 146 став 3 од Законот за здравствена заштита.

Исто така неспорно е дека е прибавено претходно мислење од соодветната високообразовна организација како услов предвиден во членот 146 став 3 од наведениот Закон, во постапката пред донесувањето на наведениот Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за специјализација и субспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование. Имено, Медицинскиот факултет во Скопје, изразил јасна намера и согласност за целисходноста од укинувањето на гранката за специјализација по училишна медицина по 1.01.2002 година, во Меморандумот за согласност за развој на стандарди во примарната здравствена заштита, бр.09-8316/1 од 17.12.1999 година и Вториот Меморандум за согласност за развој на овие стандарди бр.15-10768/1 од 26.12.2001 година.

4. Врз основа на изнесеното се утврди дека Уставниот суд поради процесни пречки нема надле`ност да одлучува за отсуството на одредена одредба или дел од нејзината содр`ина во пропис за која подносителот на иницијативата смета дека треба да биде во правниот поредок, поради што и за оспорениот член 1 од Правилникот со кој е избришана гранката на специјализација по училишна медицина, овој Суд не е надле`ен да одлучува. Од аспект на постапката за донесување на Правилникот кој е предмет на иницијативата, се оцени дека е наполно спроведена во согласност со членот 146 став 3 од Законот за здравствена заштита, и тој е донесен по претходно прибавено мислење на Медицинскиот факултет во Скопје како соодветна високообразовна организација компетентна за стручно произнесување во постапката на пропишување на гранките на специјализации и субспецијализации од медицината.

5. Согласно член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.53/2002
3 јули 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов