53/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 мај 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Писмото бр.17-160/1 од 6.01.1999 година, донесено од Министерот за финансии на Република Македонија, а упатено до подрачните единици на Министерството за финансии надлежни за имотно-правни работи.

2. Лепосава Пиперковска од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување законитоста на писмото означено во точката 1 од ова решение, од причина што истото претставувало задолжителна инструкција врз основа на која подрачните единици на Министерството за финансии ќе треба да ги прекинуваат постапките по барањата на странките за денационализација, спротивно на член 144 од Законот за општата управна постапка (“Службен лист на СФРЈ” бр.47/86 – пречистен текст).

3. Судот на седницата утврди дека со оспореното писмо се дава инструкција на органите на управата надлежни за имотно-правни работи при подрачните единици на Министерството за финансии на Република Македонија за прекин на постапките во однос на барањата за денационализација.

Причините за прекин на постапките се засновуваат на членот 144 од Законот за општата управна постапка, и тоа поведувањето постапка за оценување на уставноста на некои одредби од Законот за денационализација од страна на Уставниот суд на Република Македонија, евентуалните измени и дополнувања на Законот за денационализација и отсуството на подзаконски акти (уредба за спроведување на постапката за денационализација и образецот на барањето за денационализација) што ја доведувале во прашање и самата примена на Законот.

4. Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Од содржината на оспореното писмо, произлегува дека истото не претставува акт кој Министерот, како функционер кој раководи со органот на управата, го носи во остварување на своите јавни овластувања. Оттука, оспореното писмо не претставува пропис за кој Уставниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува, туку е еден вид на инструкција насочена кон внатрешна координација во работењето на органите на управата надлежни за имотно-правни работи на подрачните единици на Министерството за финансии на Република Македонија при извршувањето на Законот за денационализација.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 53/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
12 мај 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Стојмен Михајловски Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 12 мај 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Писмото бр.17-160/1 од 6.01.1999 година, донесено од Министерот за финансии на Република Македонија, а упатено до подрачните единици на Министерството за финансии надлежни за имотно-правни работи.

2. Лепосава Пиперковска од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување законитоста на писмото означено во точката 1 од ова решение, од причина што истото претставувало задолжителна инструкција врз основа на која подрачните единици на Министерството за финансии ќе треба да ги прекинуваат постапките по барањата на странките за денационализација, спротивно на член 144 од Законот за општата управна постапка (“Службен лист на СФРЈ” бр.47/86 – пречистен текст).

3. Судот на седницата утврди дека со оспореното писмо се дава инструкција на органите на управата надлежни за имотно-правни работи при подрачните единици на Министерството за финансии на Република Македонија за прекин на постапките во однос на барањата за денационализација.

Причините за прекин на постапките се засновуваат на членот 144 од Законот за општата управна постапка, и тоа поведувањето постапка за оценување на уставноста на некои одредби од Законот за денационализација од страна на Уставниот суд на Република Македонија, евентуалните измени и дополнувања на Законот за денационализација и отсуството на подзаконски акти (уредба за спроведување на постапката за денационализација и образецот на барањето за денационализација) што ја доведувале во прашање и самата примена на Законот.

4. Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Од содржината на оспореното писмо, произлегува дека истото не претставува акт кој Министерот, како функционер кој раководи со органот на управата, го носи во остварување на своите јавни овластувања. Оттука, оспореното писмо не претставува пропис за кој Уставниот суд на Република Македонија е надлежен да одлучува, туку е еден вид на инструкција насочена кон внатрешна координација во работењето на органите на управата надлежни за имотно-правни работи на подрачните единици на Министерството за финансии на Република Македонија при извршувањето на Законот за денационализација.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 53/99
12 мај 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков