47/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 14 мај 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста и законитоста на Програмата за дополнување на Програмата за изградба, продажба и одржување на становите во сопственост на Република Македонија за 2002 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.73/2002).
2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА времената мерка за запирање од извршување поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на оспорената одлука.
3. Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на иницијативата од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, со Решение У.бр. 47/2003 поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на Програмата означена во точката 1 од ова решение, затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и закон.

4. Во текот на постапката Судот утврди дека оспорената програма престанала да важи, односно дека важела само во 2002 година, поради што истата повеќе не се применува.
Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по неа.
Со оглед на тоа дека програмата имала темпорален карактер чие дејствие е исцрпено со протекот на 2002 година, Судот одлучи дека се исполнети условите од погоре наведениот член од Деловникот, па одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљ ами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.47/2003
14 мај 2003 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов