44/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 7 април 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Колективниот договор
на Кожарскиот комбинат “Гоце Делчев” АД Скопје за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците на ниво на работодавецот, бр.0202-3930/1 од 1.04.1994 година, и Правилникот за деловна тајна од 26.10.1978 година, донесен од Работничкиот совет на работната организација – фабрика за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје.

2. Воислав Игнат Стојковски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата се наведува дека Колективниот договор на Комбинатот бил донесен пред да се донесат колективните договори на ниво на гранка и на ниво на Република и дека не е усогласен со нив. Правилникот за деловна тајна не бил усогласен со новите законски прописи бидејки бил донесен 1978 година кога важел Законот за здружениот труд и други закони. Исто така, Правилникот, како што било наведено во неговата преамбула се однесувал на фабрика за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје, а сега било акционерско друштво. Поради тоа предлага Судот да поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост.

3. Согласно член 110 став 1 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.

Тргнувајки од оваа уставна одредба, Судот оцени дека Уставниот суд не е надлежен да одлучува за согласноста на Колективниот договор на ниво на работодавец со Општиот колективен договор и со Колективниот договор на ниво на гранка.
Што се однесува до Правилникот за деловна тајна, неспорно е дека е тој од 1978 година и дека е донесен од Работничкиот совет на Фабриката за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје. Меѓутоа, според изводот од единствениот регистар на организациите – заедниците за извршена промена издаден од Републичкикот завод за статистика бр.01-3013/4 од 30.12.1989 година, Фабриката за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје го менува називот во Кожарски комбинат “Гоце Делчев” Ц.О. Скопје.

Според известувањето на Заводот за статистика бр.01-3013/6 од 28.08.1997 година, Кожарскиот комбинат “Гоце Делчев” преминува во АД заради трансформација согласно судско решение издадено според Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Од изнесеното, недвосмислено произлегува дека станува збор за ист правен субјект кој го променил само називот согласно правните прописи во државата.

Инаку со оспорениот Правилник за деловна тајна се одредува кои документи и податоци се сметаат за деловна тајна, се утврдуваат случаите и условите кога документите и податоците кои се сметаат за деловна тајна можат да се соопштуваат на други лица, начинот на оценување на истите, како и правата и овластувањата на одредени лица во работната организација по прашањето за давање информации.

Правилникот за деловна тајна всушност претставува интерен акт на Акционерско друштво, за кој согласно Уставот, Уставниот суд не е надлежен да одлучува.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.44/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
7 април 1999 година на Уставниот суд на Република
Скопје Македонија
сд/ат. д-р Милан Недков

Судија-известител
Олга ЛазоваУставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 7 април 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Колективниот договор
на Кожарскиот комбинат “Гоце Делчев” АД Скопје за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците на ниво на работодавецот, бр.0202-3930/1 од 1.04.1994 година, и Правилникот за деловна тајна од 26.10.1978 година, донесен од Работничкиот совет на работната организација – фабрика за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје.

2. Воислав Игнат Стојковски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата се наведува дека Колективниот договор на Комбинатот бил донесен пред да се донесат колективните договори на ниво на гранка и на ниво на Република и дека не е усогласен со нив. Правилникот за деловна тајна не бил усогласен со новите законски прописи бидејки бил донесен 1978 година кога важел Законот за здружениот труд и други закони. Исто така, Правилникот, како што било наведено во неговата преамбула се однесувал на фабрика за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје, а сега било акционерско друштво. Поради тоа предлага Судот да поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост.

3. Согласно член 110 став 1 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.

Тргнувајки од оваа уставна одредба, Судот оцени дека Уставниот суд не е надлежен да одлучува за согласноста на Колективниот договор на ниво на работодавец со Општиот колективен договор и со Колективниот договор на ниво на гранка.
Што се однесува до Правилникот за деловна тајна, неспорно е дека е тој од 1978 година и дека е донесен од Работничкиот совет на Фабриката за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје. Меѓутоа, според изводот од единствениот регистар на организациите – заедниците за извршена промена издаден од Републичкикот завод за статистика бр.01-3013/4 од 30.12.1989 година, Фабриката за кожи и туткал “Гоце Делчев” Скопје го менува називот во Кожарски комбинат “Гоце Делчев” Ц.О. Скопје.

Според известувањето на Заводот за статистика бр.01-3013/6 од 28.08.1997 година, Кожарскиот комбинат “Гоце Делчев” преминува во АД заради трансформација согласно судско решение издадено според Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Од изнесеното, недвосмислено произлегува дека станува збор за ист правен субјект кој го променил само називот согласно правните прописи во државата.

Инаку со оспорениот Правилник за деловна тајна се одредува кои документи и податоци се сметаат за деловна тајна, се утврдуваат случаите и условите кога документите и податоците кои се сметаат за деловна тајна можат да се соопштуваат на други лица, начинот на оценување на истите, како и правата и овластувањата на одредени лица во работната организација по прашањето за давање информации.

Правилникот за деловна тајна всушност претставува интерен акт на Акционерско друштво, за кој согласно Уставот, Уставниот суд не е надлежен да одлучува.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.44/99
7 април 1999 година
Скопје
сд/ат.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков