37/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 19 мај 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на Член 1 став 1 алинеја 2 во делот”работни луѓе и организации на здружениот труд и други самоуправни организации и заедници”, алинеја 4 во делот “односно самоуправна организација или заедница”, став 2 во делот “организации на здружен труд и други самоуправни организации и заедници, општествени организации, општествено политички заедници и нивните извршни совети, општествените правобранители на самоуправувањето, Службата на општествено книговодство, член 3 став 2 во делот Републичкиот секретаријат за правосудство и управа”, член 6 во делот Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Претседателството на Социјалистичка Република Македонија, Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, Стопански суд на Македонија, Судот на здружениот труд на Македонија, Републичкиот општествен правобраниел на самоуправувањето, Републичкиот суд за прекршоци, окружните и окружните стопански судови, основните судови на здружениот труд и Службата на општественото книговодство во Социјалистичка Република Македонија, член 7 став 2 во делот “Извршниот совет, член 11 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на наведените членови од Законот за управната инспекција, затоа што тие не биле во согласност со Уставот на Република Македонија.

3. На седницата Судот утврди дека во одредбите на членовите 1 став 1 алинеја 2 и член 14 се употребува терминот “работни луѓе” и

Во одредбите на членовите 1 став 1 алинеја 2 и 4, член 1 став 2 член 11 член 20-а и 23 се употребуваат термините ОЗТ и други самоуправни организации и заедници.

Во членот 1 став 2 се употребуваат термините општествени организации, ОПО, ОПЗ и нивните извршни совети.

Во членот 3 став 2, се употребува терминот Републички секретаријат за правосудство и управа.

Во член 12 став 3, член 19 став 2 и член 26 се употребува терминот Републички секретар за правосудство и управа.

Во член 1 став 2 и член 6 од Законот се употребуваат термините Собрание на СРМ, Претседателство на СРМ, Извршен совет на Собранието на СРМ, Стопански суд на Македонија, Суд на здружен труд на Македонија, Републички општествен правобранител на Македонија, Републички суд за прекршоци, окружниот и окружните стопански судови, основните судови на здружен труд, Служба на општественото книговодство на СРМ.

Во член 1 став 2 се употребува терминот општествен правобранител на самоуправувањето.

Во член 7 став 2 и член 12 став 2 и 20-а се употребува терминот извршниот совет, извршен совет на Собранието на општествено политичката заедница.

4. Имајќи ја предвид уставната одредба од член 1 на Уставот на Република Македонија според кој Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална државата, Судот смета дека поради постоењето на институционална и терминолошка неусогласеност на наведените одредби од Законот, основано може да се постави прашањето за нивната согланост со Уставот поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 37/99
19 мај 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков