322/1995-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 ноември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1.СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за
оценување уставноста на Одлуката за утврдување висина на
закупнината што се плаќа по м2 корисна поврпшна за користење на
деловен простор со кој стопанисува Јавното претпријатие за
стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија,
Ц.О. Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие на
14 април 1995 година (“Службен весник на Република Македонија”
бр.29/95).
2На Уставниот суд на Република Македонија му е
поднесена иницијатива, од Ленка Ристова од Скопје, за поведување
постапка за оценување уставноста на Одлуката означена во точката 1
од ова решение, затоа што со неа Јавното претпријатие за
стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија
Ц.О. Скопје, еднострано, без согласност на корисниците на деловниот
простор, ја зголемило закупнината, а во услови на пазарна економија за
зголемување на закупнината било потребно и нивна согласност.
Одлуката не била во согласност со Уставот на Република Македонија,
затоа што и во услови на стабилен денар према марката била зголемена
закупнината за користење на деловен простор.Одлуката не била во согласност со Уставот и затоа што стапила во сила и се применувала од денот на донесувањето.
3.Судот на седницата утврди дека ја оценувал оспорената
одлука, при што со решение У.бр.267/95 од 18 октомври 1995 година ја
отфрли иницијативата на тој подносител, затоа што оцени дека
Одлуката не претставува пропис во смисла на член 110 од Уставот на
Република Македонија, туку со неа се уредуваат облигациони односи за
закуп на деловни простории помеѓу Републиката како сопствекик и
закуподавач со закупецот, а преку Јавното претпријатие за
стопанисување со станбениот и деловниот простор на Републиката, за
што Уставниот суд не е надлежен да одлучува.
4.Со оглед на тоа што по оспорената одлука Уставниот суд
веќе одлучувал, а сега нема основи за поинакво одлучување, Судот,
согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот, одлучи како во
точката 1 од ова решение.
5.Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот
на Судот и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова,
д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф
Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.322/95
29 ноември 1995 година
С к о п ј е