322/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонијиа, член 28 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 ноември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста за бришење на точката 6 на член 5 од Законот за данокот на промет на производи и услуги (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/92, 62/92, 63/92, 3/93, 4/93, 80/93 и 42/95).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Станбената задруга ” Пехчево” од Пехчево му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста за бришење на точката 6 на член 5 од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со бришењето на оваа одредба на членовите – задругари во станбените задруги, кои согласно член 20 од Уставот, биле здружени од економски причини, им било одземено правото без плаќање на данок на промет да набавуваат градежни материјали за изградба на семејни станбени згради и станови.
3. Судот на седницата утврди дека со иницијативата не се бара оценување на уставноста на одредба содржана во Законот, туку на нејзиното бришење од Законот, што е во надлежност на законодавниот орган. Со оглед на тоа, Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседател от на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.324/95