31/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 30 ноември 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување законитоста на Правилникот за основите и мерилата за распределба на средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на Сојузот на организациите за физичка култура на Македонија, донесен со референдум на 8 октомври 1986 година и Методологијата за вреднување на работните задачи, донесена во јуни 1987 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија Фоти Гоговски од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што распределбата на средствата за лични доходи не се исплаќало според коефицинетот утврден со Општиот колективен договор за јавни служби, јавните претпријатија, државни органи, органи на локалната самоуправа и правните лица кои вршат нестопанска дејност туку според критериуми и мерила утврдени во оспорените акти.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа се бара оценување на согласност на оспорените акти со Општиот колективен договор, за што согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.