286/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 став 1 алинеја 1 и член 71 алинеја 3 од од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92, на седницата одржана на 12 октомври 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување согласноста на Правилникот за систематизација на работни места и Правилникот за распределба на платите на вработе ните во ЗК “Пелагонија” во Битола со Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија и со гранскиот колективен договор за вработените во земјоделството и прехранбената индустрија.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Јован Маркушевски и Наум Ала чевски од Битола му поднесоа иницијатива за оценување на меѓусебната согласност на актите означени во точката 1 од ова решение со Општиот колективен договор за стопанство на Република Македонија и со гранскиот колективен договор за вработени во земјоделството и прехранбената индустрија.
3. Судот на седницата утврди дека оспорените акти не се прописи во смисла на одредбите од членовите 51, 52 и 110 од Уставот на Република Македонија и се неподобни за уставно-судко оценување поради што најде дека не е надлежен да одлучува за нивната уставност и законитост. Исто така, Судот утврди дека не е надлежен да одлучува за меѓусебната согласност на актите на претпријатијата со колективните договори.
4. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесен во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.(У.бр.286/95)