274/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 25 октомври 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за основање на Јавно претпријатие Санитарна депонија за цврсти отпадоци ” Дрисла” Скопје, донесена од Собранието на град Скопје на 15 април 1994 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Јавното претпријатие ” Комунална хигиена” од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одлуката озна чена во точката 1 од ова решение, затоа што градот Скопје нема уставни и законски овластувања да основа јавно претпријатие и да го пренесе правото на управување, стопанисување и користење на градежното земјиште.
3. Разгледувајши ја иницијативата, Судот утврди дека оспорената одлука нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што оцени дека Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува за нејзината согласност со Уставот и законот.
4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе со мнозинство во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.274/95