261/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македониија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 септември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на членовите 8 и 9 од Правилникот за решавање на станбените потреби на работниците, донесен од Управнот одбор на Јавната здравствена организација Медицински центар ” Титов Велес” – Титов Велес, на 26 декември 1994 година.
2. НЕ СЕ УВАЖУВА барањето за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија донесени односно преземени врз основа на правилникот означен во точката 1 од ова решение.
3. На Уставниот суд на Република Македонија, Виолета Паункова од Титов Велес, му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на Правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што критериумите, предвидени за учество на работниците во распределбата на станови не биле групирани на основни и дополнителни, што придонесувало работниот придонес на работникот да има поголемо значење од неговиот станбен статус, што не било согласно со Уставот и со закон.
4. Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другото, одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот и со законите.
Со оглед на тоа што со иницијативата се бара Судот да ја оцени уставноста и законитоста на Правилникот за решавање на станбените потреби на работниците во Медицинскиот центар “Титов Велес”, кој има карактер на акт со кој се регулираат внатрешните станбени состојби односно односи на работниците, вработени во овој центар, согласно горенаведената одредба од Уставот, Судот оцени дека оценувањето на актите од ваква природа излегува надвор од доменот на неговата надлежност.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајлов ски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.261/95