245/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонја (“Службен весник на Република Македонја” бр.70/92), на седницата одржана на 13 јануари 1993 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување уставноста на Одлуката за избор на Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.53/92).
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Тодор Петров, независен пратеник во Собранието на Република Македонија, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одлуката означена во точка 1 од ова решение, затоа што во Владата биле избрани тројца пратеници, иако според член 89 став 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Владата и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието. Со оглед на тоа што избраните членови на Владата не поднеле оставка, тие во моментот на изборот, истовремено биле и пратеници, што не било во согласност со членовите 89 став 2 и член 65 став 1 и 2 од Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука само се определени лицата што се избрани за членови на Владата на Република Македонија, поради што оцени дека таа не уредува општествено-правни односи, туку претставува акт на изборно дејствие, што, согласно член 69 алинеја 13 од Уставот, го врши Собранието.
СДо оглед на тоа што оспорената одлука не претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот, Судот оцени дека не е надлежен да ја оценува нејзината согласност со Уставот на Република Македонија, поради што одлучи како во точка 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец.