Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 1 февруари 2006 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на
а) уставноста на:
– член 10 став 3 и 4;
– член 71 став 2 во делот: “и против него не може да се поведе управен спор”;
– член 103-г став 3 во делот: “како и висината на надоместокот за издавање на овластување”;
– член 103-ј став 2 и 3; и
– член 110 став 2 и 3 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите (“Службен весник на СРМ” бр.27/1986 и 17/1991 и “Службен весник на Република Македонија” бр.84/2005).
б) уставноста и законитоста на:
– Правилникот за начинот на издавање, продолжување и одземање на овластување за овластен геодет, висината на надоместокот за издавање и овластување и за формата и содржината на образецот на овластувањето (“Службен весник на Република Македонија” бр.100/2005) во делот на насловот “висината на надоместокот за издавање на овластување”;
– член 1 во делот: “висината на надоместокот за издавање на овластување” и
– член 11 став 1 од Правилникот.
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставнос-та на член 122-б став 4 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите (“Службен весник на СРМ” бр.27/1986 и 17/1991 и “Службен весник на Република Македонија” бр.84/2005).
3. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите од Законот означен во точките 1 под а) и 2, како и на Правилникот означен во точката 1 под б) од ова решение.
Во првоподнесената иницијатива според подносителот на иницијативата законските решени-ја предвидени во членовите 10 став 3, 103-г став 3, 103-ј став 2 и 110 став 2 од оспорениот Закон прет-ставувале законски основ за донесување на подзаконски акт кој по сво-јата содржина би бил акт на уредување на материја која се уредувала единствено со закон. Подносителот на иницијативата смета дека вакво-то овластување отстапувало од општиот принцип на поделба на влас-та. Имено, подносителот на иницијативата смета дека директорот како еден од органите на извршната власт не можел да има овластувања кои ги има законодавната власт. Даденото овластување на директорот на Држав-ниот завод за геодетски работи со свои акти да ја пропишува висината на надоместокот за издавање на овластување и со тарифник да ги утврдува другите надоместоци, според подносителот на иници-ја-тивата, значело пренесување на ингеренциите од законодавната власт кон извршната, што не било во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и 4, член 33, член 68 став 1 алинеја 2, член 91 алинеја 1 и 5 и член 96 од Уставот на Република Македонија.
Решението дадено во членот 71 став 2 од оспорениот за-кон, според подносителот на иницијативата, било спротивно на член 50 став 2 од Уставот. Имено, со оспорениот дел од Законот не можело да се исклучи правото на управен спор или да се услови со тужба во пар-нична постапка против запишаниот носител на правата на недвижно-с-тите. Со оспорениот законски дел се повредувал член 8 став 1 алинеја 3, член 50 став 2, член 51 и член 54 став 1 од Уставот.
Подносителот на иницијативата, исто така, смета дека и членот 122-б не е во согласност со Уставот, односно со член 8 став 1 алинеја 3, член 13 став 1, член 14 став 1, член 51 и член 54 став 1 од причина што правна последица не можела да се предвидува по сила на законот, како во случајов, ако не постои правосилна судска одлука.
Истиот подносител до Уставниот суд поднесе уште една иницијатива со која повторно бара поведување постапка за оценување на уставноста на член 103-г став 3, во делот: “како и висината на надоместокот за издавање на овластување од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите, но во второподнесената иницијатива бара оценување и на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на издавање, продолжување и одземање на овластување за овластен геодет, висината на надоместокот за издавање на овластување и за формата и содржината на образецот на овластувањето, во делот на насловот: “висината на надоместокот за издавање на овластување”, на член 1 во делот: “висината на надоместокот за издавање на овластување” како и на член 11 став 1 од истиот правилник.
Подносителот на иницијативата смета дека висината на надоместокот за издавање на овластување може да се пропишува само со закон, а не со подзаконски акт особено поради тоа што оспорениот закон не содржи никакви критериуми за утврдување на висината на надоместокот за издавање на овластување. Оттука, според подносителот на иницијативата, оспорениот член 103-г став 3 од Законот, не можел да се толкува како разработка на конкретна законска норма во функција на нејзино извршување.
Оспорениот правилник, според подносителот на иницијати-вата, исто така, не бил во согласност со членовите 8 став 1 алинеи 3 и 4, член 33, член 51, член 68 став 1 алинеја 2, член 91 алинеи 1 и 5 и член 96 од Уставот на Република Македонија, како и со членовите 55 став 2, 56 став 1 и 61 став 2 од Законот за организациија и работа на органите на државната управа, бидејќи со актите кои ги донесува директорот не можело за граѓаните и правните лица да се утврдуваат права и обврски (а во таа смисла ниту висината на надоместокот за издавање на овластување), ни да се пропишува надлежност на други органи.
Уставниот суд на Република Македонија, согласно член 14 став 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија се впушти во оценување на уставноста на членовите 10 став 4, 103-ј став 3 и 110 став 3 од оспорениот закон, по однос на принципот на владеење на правото, односно ја оценуваше нивната согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.
4. Судот на седницата утврди дека според член 10 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвиж-ностите запишувањето на правата на недвижностите во катас-тарот на недвижностите е задолжително и се врши по службена должност или по барање на странката.
За запишување на правата на недвижностите во катас-тарот на недвижностите по барање на странка се плаќаат надомес-тоци, а запишувањето по службена должност е ослободено од плаќање на надоместоци.
Висината на надоместоците од ставот 2 на овој член се утврдува со тарифник кој го донесува директорот на Државниот завод за геодетски работи.
Согласност на тарифникот од ставот 3 на овој член дава Владата на Република Македонија.
Според член 71 од Законот против решението од членот 70 на овој закон може да се поднесе жалба до Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на премерот, катастарот и запишување на правата на недвижностите при Владата на Република Македонија.
Решението на Комисијата од ставот 1 на овој член е конечно и извршно и против него не може да се поведе управен спор.
Конечното решение се спроведува во катастарскиот план и операт.
Секое лице кое смета дека има појако право на недвиж-но-ста отколку лицето за кое е одлучено да биде запишано како носител на правата на недвижностите, може со тужба против запишаниот носи-тел на правата на недвижностите, своето право да го докажува во суд-ска постапка.
По барање на заинтересираното лице спорот ќе се прибе-лежи во имотниот лист.
Според член 103-г од Законот со звање овластен геодет може да се стекне физичко лице кое ги исполнува следниве услови:
1) да е државјанин на Република Македонија;
2) да е дипломиран геодетски инженер со најмалку три го-дини работно искуство на геодетските работи;
3) да има положен испит за стекнување овластување за овластен геодет.
За стекнување на овластувањето за овластен геодет од ставот 1 на овој член се плаќа надоместок на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Начинот на издавање, продолжување и одземање на овлас-тувањето, како и висината на надоместокот за издавање на овлас-тување, просториите и опремата потребни за извршу-ва-ње на геодетските работи, формата и содржината на обра-зецот на овластувањето, формата, содржината и начинот на водење на имени-кот ги пропишува директорот на Државниот завод за геодетски работи.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери е должна по спроведувањето на испитот во рок од пет дена да ги извести лицата кои не го положиле испитот, а на лицата кои го положиле испи-тот да им издаде овластување.
Според член 103-ј трговецот поединец-овластен геодет и трговското друштво за геодетски работи за извршените геодетски работи се должни да наплаќаат надомест според тарифник.
Тарифникот според ставот 1 на овој член го донесува директорот на Државниот завод за геодетски работи.
Согласност на тарифникот дава Владата на Република Македонија.
Според член 110 висината на надоместокот за користење на податоците од премерот и катастарот на недвижностите се утврдува со тарифник.
Тарифникот од ставот 1 на овој член го донесува директо-рот на Државниот завод за геодетски работи.
Согласност на тарифникот дава Владата на Република Македонија.
Според член 122-б ако во рокот определен според членот 122-а од овој закон трговецот поединец – овластен геодет и трговско друштво за геодетски работи не ги отстранат утврдените недостатоци, директорот на Држав-ниот завод за геодетски работи поднесува предлог до Комората на овластени архитекти и овластени инженери за одземање на овластува-њето за вршење на геодетски работи на овластениот геодет.
Против решението на Комората од ставот 1 на овој член, незадоволната странка може да поднесе жалба до надлежната второ-степена комисија при Владата на Република Македонија.
Врз основа на извршното решение ќе се изврши бришење од именикот на трговци поединци – овластени геодети и трговски друш-тва за геодетски работи.
Овластениот геодет на кого му е одземено овластува-њето не може пред истекот на пет години од денот на одземањето на овластувањето да се стекне со ново овластување.
Правилникот за начинот на издавање, продолжување и одземање на овластување за овластен геодет, висината на надо-местокот за издавање на овластување и за формата и содржината на образецот на овластувањето, донесен од Директорот на Државниот завод за геодетски работи, содржи 13 члена.
Според член 1 од Правилникот со овој правилник се пропишуваат: начинот на издавање, продолжување и одземање на овластување за овластен геодет, висината на надоместокот за издавање на овластување и формата и содржината на образецот на овластувањето.
Според член 11 од истиот правилник кандидатот кој го полага испитот за стекнување овластување за овластен геодет плаќа надоместок во висина од 7.000,00 денари.
5. Уставот на Република Македонија во членот 8 став 1 алинеја 3 и 4, утврдил дека владеењето на правото и поделбата на државната власт на законо-дав-на, извршна и судска, се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Со член 33 од Уставот се уредува дека секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон, а според член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието на Република Македонија донесува закони и дава автентично толкување на законите.
Според член 91 алинеја 1 и 5 од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршувањето на законите и донесува уредби и други прописи за извршување на зако-ни-те, а според член 96 од Уставот, органите на државната управа работи-те од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Согласно член 12 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Маке-до-нија” бр.58/2000 и 44/2002) како самостојни органи на државната упра-ва се осно-ва-ат: Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи; Агенција за млади и спорт; Агенција за исселеништво; Агенција за информации и Агенција за развој и инвестиции.
Како управни организации, пак, се основаат: Државен архив на Република Македонија; Државен завод за геодетски работи, и Државен завод за статистика.
Согласно член 35 од Законот за организација и работа на органите на државната управа Државниот завод за геодетски работи ги врши работите што се однесуваат на премерот, катастарот и запишу-ва-њето на правата на недвижностите. Државниот завод за геодетски работи има својство на правно лице.
Според член 55 став 2 од истиот закон, директорот на самостојниот орган на државната управа, односно управна организа-ци-ја, донесува правилници, решенија, наредби, упатства, планови, прог-рами и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кој за тоа е овластен со закон. Според член 60 став 2 од овој закон, директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација може да донесе задолжителни инструкции за извршување на работите што како јавни овластувања со закон им се доверени да ги извршуваат правни и физички лица, како и на едини-ците на локалната самоуправа и градот Скопје.
Според член 61 став 2 од овој закон, со актите кои ги донесува директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација не може за граѓаните и другите правни лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи.
Согласно член 1 од Законот за премер, катастар и запишу-вање на правата на недвижностите, премерот, катастарот и одржува-њето на премерот и катастарот и запишувањето на правата на недвиж-ностите се вршат на начин и постапка пропишани со овој закон.
Согласно член 5 од овој закон работите на премерот, ката-с-тарот и одржувањето на премерот и катастарот и запишувањето на правата на недвижностите се во надлежност на Државниот завод за геодетски работи. Оперативните теренски геодетски работи од ставот 1 од овој член како јавни овластувања ги вршат трговци-поединци-овла-стени геодети и трговски друштва за геодетски работи под услови и на начин определени со овој закон.
Според членот 13 од истиот закон, премерот, катастарот и одржувањето на премерот и катастарот и запишувањето на правата на недвижностите се вршат според одредбите на Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон не е поинаку определено.
Врз основа на законското овластување кое произлегува од членот 10 став 3, член 103-ј став 2 и член 110 став 2 од Законот, дирек-торот на Државниот завод за геодетски работи висината на надомес-тоците за запишување на правата на недвижностите во катастарот на недвижнстите по барање на странката, за надомест за извршени геоде-тски работи како и надоместок за користење на податоците од преме-рот и катастарот на недвижностите, со Тарифник ги утврдува, односно пропишува директорот на Државниот завод за геодетски работи, на кој согласност дава Владата на Република Македонија. Во членот 103-г став 3 законодавецот дава и овластување на директорот на Државниот завод за геодетски работи да ја пропишува висината на надоместокот за издавање на овластување за овластен геодет.
Од анализата на наведените уставни одредби произлегува дека со Уставот точно и прецизно се дефинирани и утврдени носители-те на законодавната, извршната и судската власт и јасно е направена разлика во поделбата на власта, при што со Уставот не е допуштено мешање на една во друга власт, туку власта е поставена како струк-тура на самостојни релативно поделени власти чии статус, надлеж-но-сти и односи се утврдени и гарантирани со Уставот.
Имајќи ги во вид наведените уставни и законски одредби во корелација со содржината на оспорените законски одредби, односно членовите 10 став 3 и 4, 103-г став 3, 103-ј став 2 и 3 и 110 став 2 и 3, според Судот овластувањето на директорот на Државниот завод за геодетски работи да утврдува, односно пропишува Тарифник за утврдување на висината на надоместоците во одредени фази во постапката на преме-рот и катастарот и запишувањето на правата на недвижностите, а на кое согласност дава Владата на Република Македонија, нема уставна основа.
Ваквата констатација се заснова, пред се врз фактот што Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвиж-ностите не содржи критериуми и мерила за определување на висината на надоместоците за трошоците кои се сторени за запишување на правата на нед-вижностите во катастарот на недвижностите, а по барање на стран-ка-та, потоа утврдување на висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговецот-поединец-овластен геодет или трговското друштво за геодетски работи, како и за висината на надоместокот за користење на податоците од премерот и катастарот на недвижностите. При ваква состојба, произлегува дека директорот на Државниот завод за геодетски работи, при утврдувањето, односно пропишувањето на Тарифникот ги утврдил и критериумите за опреде-лување на висината и начинот на плаќање на надоместоците. Оттука, даденото овластување со оспорените законски одредби, во конкрет-ниов случај директорот со свои акти да пропишува критериуми за опре-делување на висината на плаќање на надоместоците, според Судот, значи навлегување во законодавната власт која е издвоена од изврш-ната власт, што е спротивно на членот 8 став 1 алинеја 3 и 4, член 91 алинеја 1 и 5 и член 96 од Уставот на Република Македонија. Од овие причини Судот оцени дека се доведува во прашање уставноста на членовите 10 став 3 и 4, 103-г став 3 во делот: “како и висината на надоместокот за издавање на овластување”, 103-ј став 2 и 3 и член 110 став 2 и 3 од Законот.
Според Судот даденото овластување на директорот на Државниот завод за геодетски работи со подзаконски пропис, односно со свои акти да ја определува висината на надоместокот за издавање на овластување (член 103-г став 3) ги надминува уставните рамки, поради што основано се постави прашањето за согласноста на правилникот во оспорените делови со Уставот и Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Согласно член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа директорот на самостојниот орган на државната управа, односно управната организација донесува правилници, решенија, наредби, упатства, планови, програми и други видови акти за извршување на законите и другите прописи, кога за тоа е овластен со закон. Според член 56 став 1 од овој закон, со правилник се утврдуваат и разработуваат одделни одредби на законите и други прописи заради нивно извршување, а според член 61 став 2 од овој закон, со актите кои ги донесува директорот кој раководи со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација не може за граѓаните и другите правни лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи.
Тргнувајќи од наведените уставни и законски одредби, а имајќи ја предвид содржина на оспорените делови од одредбите на оспорениот Правилник, овластувањето на директорот на Државниот завод за геодетски работи со подзаконски акт да ја пропишува висината на надоместокот за издавање на овластување за звање овластен геодет, според Судот, нема уставна основа, од причина што во Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите не се содржани никакви критериуми во однос на ова прашање.
Според Судот, ова овластување отстапува од општиот принцип на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Ваквата подзаконска формулација не може да се смета како разработка на конкретна законска норма во функција на нејзино извршување.
Во Глава ИИ со наслов “Основни слободи и права на човекот и граѓанинот” од Уставот на Република Македонија е содржан оддел 3 со поднаслов “Гаранции на основните слободи и права”. Во членот 50 од Уставот се предвидува дека секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.
Согласно член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утвр-дени со Уставот.
Според член 70 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите, врз основа на околностите утврдени во постапката за излагање, Државниот завод за геодетски работи донесува решение.
Според ставот 2 на член 70 од Законот, решението особено содржи:
а) податоци за недвижностите;
б) означување на правата на недвижностите и носителите на тоа право;
в) стварни и лични службености, товари и ограничувања, и
г) налог за запишување на податоците за недвижностите и за носителите на правата за недвижностите.
Според членот 71 став 1 од оспорениот закон, против решението од членот 70 на овој закон може да се поднесе жалба до Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на премерот, катастарот и запишувањето на правата на недвижностите, при Владата на Република Македонија.
Според членот 71 став 2 од истиот закон, решението на Комисијата од ставот 1 на овој член е конечно и извршно и против него не може да се поведе управен спор.
Според Судот, законската определба содржана во членот 71 став 2 од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите, со која се предвидува дека решението на Комисијата од ставот 1 на овој член е конечно и извршно и против него не може да се води управен спор, не е во согласност со членот 50 став 2 од Уставот.
Принципот на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок го добива своето потполно значење и дефинитивна изграденост дури во момен-тот кога е воведена судска контрола над управните акти од страна на независни судови. Основна и непосредна цел на управниот спор е да ги заштити правата на граѓаните од самоволна и арбитрерна управа, а со тоа да ја прошири можноста за почитување на правото и на демократијата во поширока смисла на зборот. Управниот спор е мошне значајна правна институција која има за цел да ја штити законитоста на управните акти, со тоа и правата на граѓаните и нивните слободи, како и правниот поредок и демократијата воопшто. Целта на управниот спор е утврду-вањето на законитоста на управниот акт.
Имајќи во вид дека под управен акт се подразбира поеди-нечен конкретен управен акт на државен орган или организација, односно заедница што вршат јавни овластувања со кои се решава за правата и обврските на поединците правните лица и на другите правни субјекти, според Судот решението во членот 71 од Зако-нот за кое е дозволена жалба до Комисијата за решавање на управни работи од втор степен од областа на премерот, катастарот и запишу-ва-њето на правата на недвижностите при Владата на Република Маке-до-нија, има карактер на управен акт. Оттука произлегува и констатацијата дека против конечниот акт во управна постапка, може да се поведе управен спор.
Децидната забрана за поведување на управен спор против решението во оспорената законска одредба (член 71 став 2), пред Судот, основано се постави прашањето за неговата согласност со членот 50 став 2 од Уставот на Република Ма-кедонија, каде се гарантира судска заштита на закони-тоста на поеди-нечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.
6. Една од основните цели на Уставот на Република Маке-донија е воспоставувањето на владеењето на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со членот 8 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.
Според член 13 став 1 од Уставот, лицето обвинето за каз-ниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утвр-дена со правосилна судска одлука. Според член 14 став 1 од Уставот, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
Во членот 54 став 1 од Уставот е предвидено дека слобо-дите и правата на човекот можат да се ограничат само во случаи утвр-дени со Уставот.
Во членот 122-б од Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите, всушност е регулирано дека докол-ку при вршењето на надзор од страна на Државниот завод за геодетски работи над работењето на овластените геодети, се утврдат недос-татоци, кои нема да се отстранат во определен рок, тогаш Комората на овластени архитекти и овластени инженери, по предлог на директорот на Државниот завод за геодетски работи, ќе донесе решение со кое му се одзема овластувањето за вршење геодетски работи на овластениот геодет. Истиот, има право на жалба до надлежната второстепена коми-сија при Владата на Република Македонија. Во оспорениот став 4 од членот 122-б од Законот, всушност се одредува дека овластениот геодет кому му е одземено овластувањето не може повторно пред истекот на пет години од денот на одземањето на овластувањето да се стекне со ново овластување.
Поаѓајќи од изнесените уставни и законски норми, Судот утврди дека оспорената одредба од ставот 4 на членот 122-б од Законот не е во несогласност со Уставот кога причината за одземање на овласту-вањето за вршење на геодетските работи на овластениот геодет е нестручно и несовесно работење на овластениот геодет. Со други зборови, овде не се рабо-ти за правни последици од осудата кои настапуваат по сила на законот, како што тврди подносителот на иницијативата. Имено, во конкретнава правна ситуација станува збор за околност која во секоја ситуација треба да биде земена предвид од страна на надлежниот орган, дотолку повеќе што тоа се оценува и во жалбена постапка пред второстепена комисија при Владата на Република Македонија, што потоа со оглед на карактерот на актот, не ја исклучува и судската заштита.
Од изнесеното, според Судот, со оспорениот став 4 од чле-нот 122-б од Законот, не се повредува уставното начело на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, затоа што овој став од членот 122-б пред се има заштитна функција за непречено одвивање и стручно работење во сите фази на постапката за преме-рот, катас-та-рот и запишувањето на правата на недвижнос-тите, што се одразува токму со забраната, која е од времен карактер, самиот овлас-тен геодет повторно да поднесе ново барање за овластен геодет.
Воедно, нема повреда ниту на начелото на презумпцијата на невиност утврдена во членот 13 став 1 од Уставот, бидејќи оспо-рениот дел од одредбата по својата суштина не е казнена одредба и не го смета лицето за виновно, пред неговата вина да биде утврдена со правосилна судска одлука, па со самото тоа нема ни повреда на одредбата од член 14 став 1 од Уставот.
7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.194/2005
У.бр. 232/2005
1 февруари 2006 година
С к о п ј е
сгј
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова