225/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 март 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 4 став 5 и член 12 став 2 од Уредбата за начелата за внатрешна организација на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” ; бр.93/2000).
2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Уредбата означена во точката 1 од ова решение од причини што истите не биле во согласност со член 91 алинеја 6 од Уставот на Република Македонија и членот 36 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000) и членовите 7 и 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000).
Во иницијативата се посочува дека видовите на организационите облици не би можеле да се утврдуваат со акт за организација и работа, туку дека тоа е во надлежност на Владата на Република Македонија. Оваа надлежност Владата не можела со уредба да ја пренесува на одделните органи на државната управа. Со уредба не можело да се предвидува надлежност за функционерите кои раководат со одделните органи на државната управа да донесуваат ваков вид акти, бидеј?и вакво овластување може да се утврди само со закон.
3. Судот на седницата утврди дека согласно член 4 став 5 од Уредбата во органите на државната управа во состав на министерствата, по исклучок може да се образуваат и сектори доколку тоа е неопходно поради карактерот, обемот и сложеноста на работата и бројот на вработените.
Според членот 12 од Уредбата, освен организационите облици утврдени во членот 7 од оваа уредба, можат да се образуваат други видови организациони облици и тоа во:
– Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и во казнено-поправните и воспитно-поправните установи за униформираните лица и лицата со посебни должности и овластувања;
– Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за униформираните лица во шумарската полиција;
– Царинската управа;
– Управата за јавни приходи; и
– Министерството за надворешни работи за дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Согласно оспорениот став 2 од овој член, овие други видови организациони облици ?е се утврдат со актот за организација и работа на овие органи.
4. Согласно член 8 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото претставува една од темелните вредности на уставниот поредок на државата, што имплицира конзистентност и ме?усебна непротивречност на правните акти, водеј?и при тоа сметка на правната хиерархија и правна сила на актите.
Според член 96 од Уставот на Република Македонија органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно и врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Според член 95 став 1 од Уставот, државната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон.
Во ставот 3 од истиот член е утврдено дека организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Согласно член 91 алинеја 5 и 6 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија, ме?у другото донесува уредби и други прописи за извршување на законите и утврдува начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, ја насочува и врши надзор над нивната работа.
Согласно член 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа, како дел од извршната власт.
Во член 35 од Законот за Владата на Република Македонија предвидено е дека за извршување на законите Владата донесува уредби со законска сила, уредби, одлуки, упатства, програми, решенија и заклучоци.
Согласно член 36 став 2 од Законот, кој е правен основ за донесување на Уредбата, со уредба Владата го уредува извршувањето на законите; утврдува начела за внатрешна организација на министерствата и другите органи на државната управа и уредува други односи во согласност со Уставот и со законите.
Во членот 1 од Уредбата стои дека со уредбата се утврдуваат начелата за внатрешна организација на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации, видовите на организациони облици, условите за нивно образување и раководењето со организационите облици.
Врз основа на изнесените уставни и законски одредби произлегува уставната задолжителност за законско нормирање на организацијата и работата на органите на управата, што е и сторено со Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и уставното овластување за Владата со уредба да ги утврди основните начела за внатрешна организација и за работа на министерствата и другите органи на управата, што е предмет на уредување со конкретната Уредба.
Предмет на регулирање на оспорените одредби од Уредбата е можноста да се утврдуваат други видови организациони облици во органите на државната управа (органите во состав на министерствата и оние утврдени во член 12 став 1) со актот за организација и работа на самите органи.
Од содржината на оспорените одредби наведени во точката 3 од ова решение не произлегува дека истите оригинерно востановуваат овластување за одделните органи на државната управа да донесуваат акти за организација и работа. Напротив, тие само упатуваат на можноста да се предвидат и други организациони облици од оние утврдени со уредбата (по број и вид) и тоа да се стори со актот на организација и работа на органите, зависно од специфичноста, обемот и сложеноста на работата кај одделните органи.
Самото овласту вање на функционерот кој раководи со органот на управата (министер или директор) да донесуваат акт за организација и работа на органот не излегува надвор од уставните рамки. Тоа произлегува од наведените уставни и законски одредби, како и од карактерот на самиот акт за организација и работа.
Имено, согласно член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.
Оттука, произлегува дека правниот основ за донесување на актот за организација и работа на органите на државната управа е законот, а не Уредбата. Таа само ги утврдува генералните контури т.е. основните начела на внатрешна организација кои понатаму се доразработуваат и конкретизираат на ниво на секој поодделен орган, преку актот за организација и работа. Овој акт е внатрешен, интерен акт на органот со кој се овозможува ефикасно остварување на работата на органот, преку внатрешно организационо структурирање и организирање, а се со цел ефикасност во извршувањето на работните задачи и приспособливост на организационите облици кон надлежностите на органот (уредени со закон) и потребите на гра?аните. При тоа, се разбира, таквиот акт на министерот мора да биде во согласност со организацијата и работата утврдена со законот и начелата за внатрешна организација, утврдени со Уредбата.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.225/2000
21 март 2001 год.
С к о п ј е
сд/.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов