222/1998-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 април 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за дејностите кои се неспоиви со должностите на работниците со посебни должности и овластувања на Министе рството за внатрешни работи, донесен од министерот за внатрешни работи на 24.10.1995 година.
2. Драган Додевски од Охрид на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на правилникот озна чен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се ограничувале правата на претприемништвото и правото на сопственост и наследување на вработените во Министерството за внатрешни работи, иако законите не предвидувале такви ограничувања.
3. На седница та Судот утврди дека Правилникот е правен акт на министерот со кој се утврдуваат забрани за определена категорија работници во Министерството за внатрешни работи да се занимаваат или да вршат дејности што се неспоиви со нивните професионални дејности, а нивното непо читување е утврдено како основ за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Врз основа на тоа, Судот утврди дека оспорениот правилник е интерен акт што се однесува на правата и должностите на вработените во Министерството за внатрешни работи и нема карактер на пропис со општо дејство.
Согласно член 110 од Уставот Уставниот суд е надлежен да одлучува, помеѓу другото, за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на колективните договори и другите прописи со Уставот и законите.
Со оглед на тоа што оспорениот правилник не е пропис во смисла на член 110 од Уставот, Судот оцени дека не е надлежен за оценување неговата уставност и законитост и одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.222/98
28 април 1999 година
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков