Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 31 јануари 2007 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 109/2006).
2. Душко Апостолски од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на актот означени во точка 1 на ова решение.
Според подносителот на иницијативата, со донесувањето на оспорениот закон со кој се предвидуваат дополнителни права за семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, и тоа право на надоместување на трошоците поврзани со школувањето на децата, во смисла на тоа дека државата ќе ги плаќала трошоците за „такси за пријавување, сместување, исхрана, патни трошоци и здравствено осигурување“, како и предвидување средствата за купување стан или за изградба на семејна куќа на плац доделен од државата и со платени комуналии да паднат на товар на буџетот на Република Македонија до станбен простор од 300м2 според пазарната вредност, се повредувале член 9 од Уставот на Република Македонија, според кој граѓаните на Република Македонија се еднакви во нивните права независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, како и член 36 од Уставот, според кој посебни привилегии можат да уживаат членови на семејства на одредени категории кои немаат материјална или семејна егзистенција.
3. Судот на седницата утврди дека сo оспорениот закон се врши изменување и дополнување на три члена од Zakonot za pravata na pretsеdatelot na Republika Makedonija i nеговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2004).
Osпорениот закон има четири члена. Така, со член 1 од овој закон, се дополнува член 13 од основниот текст на Законот, во смисла што во случај на смрт на претседателот на Република Македонија за времетраење на мандатот, неговите деца, освен право на стипендија за школување во земјата или во странство до наполнети 26 години возраст ( кое право е утврдено со основниот член 13 од Законот), имаат право и на други трошоци поврзани со школувањето (такси за пријавување, сместување, исхрана, патни трошоци и здравствено осигурување). За остварување на ова право, Владата на Република Македонија донесува одлука врз основа на претходно поднесено барање за потребните финансиски средства за школување.
Со член 2 од овој закон се врши изменување и дополнување на членот 15 од основниот текст на Законот, така што се утврдува дека во случај на смрт на претседателот на Република Македонија за времетраење на мандатот, семејството, покрај право на сопственост на градежно неизградено земјиште за изградба на семејна куќа со регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште или право на сопственост на стан ( кои права се утврдени со основниот член 15 став 1 од Законот), има право и на надоместок на трошоците за изградба на семејна куќа, при што трошоците за изградба на семејната куќа или за купување на стан се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, и тоа до 300м2 простор по цена за м2 на таа градежна зона, според пазарната вредност.
Со членот 3 од овој закон, се врши изменување и дополнување на членот 16 од основниот текст на Законот, така што се прецизира органот кој е надлежен да донесе акт за остварување на посебните права на семејството (кои се утврдени со основниот член 16 од Законот). Така, се утврдува дека во случај на смрт на претседателот на Република Македонија за времетраење на мандатот, за начинот на остварување на правото на семејството да користи лично обезбедување, службено возило и возач и за правото на користење на службени простории по потреба при прием на домашни и странски делегации, Владата на Република Македонија донесува одлука ( што е истоветно решение како основното), а за начинот на остварување на правото на финансиски средства и службена придружба при патување на член на семејството по повод официјална покана за присуство на манифестација надвор од земјата, решение донесува Министерството за финансии (што е ново решение во Законот, со оглед дека со основниот текст на Законот, и за ова право одлука донесувала Владата).
Во член 4 од овој зakon e predvideno deka Zakonot vleguva vo sila осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
4. Согласно член 68 став 1 алинеја 2 od Ustavot, Sobranieto na Republika Makedonija donesuva zakoni.
Врз основа на ова уставно овластување, Собранието на Република Македонија го има донесено Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 46/2004). Со овој закон се уредува положбата и правата на претседателот на Републиката по престанокот на функцијата и се утврдуваат посебни права на членовите на неговото семејство по престанокот на функцијата.
Со Решение У. бр.145/2004 Уставниот суд на Република Македонија ја ценел уставноста на членовите 4, 5, 10, 12, 13, 14, 15, 16 и 18 од наведениот закон, а со Решение У. бр. 75/2005, ја ценел уставноста на Законот во целина, при што и во двата случаи оценил дека нема основ за изразување на сомневање во однос на уставноста на оспорените членови и на Законот во целина, поради што и не повел постапка за оценување на уставноста на Законот. Ова од причини што Судот утврдил дека Sobranieto na Republika Makedonija има уставно утврдено право со закон да ја уреди положбата и правата на претседателот на Републиката по престанокот на функцијата и да утврди посебни права на членовите на неговото семејство. Притоа, право на законодавецот е да ги утврди и димензионира овие права, бидејќи основот за сите нив произлегува од функцијата претседател на Република Македонија утврдена со Уставот, а се остваруваат по престанокот на функцијата.
Според тоа, интенцијата на одредбите од Законот не е во привилегирањето на одредено лице или лица по престанувањето на функцијата претседател на Република Македонија, туку во уредувањето на статусот и дигнитетот на самата функција, кои се изразуваат преку гарантирање на определена положба на личностите што ја извршувале.
Вршењето на функцијата шеф на државата, заедно со практичните последици поврзани со државничкото искуство е основ, кој во случајов на наведениот закон, го надминува прашањето на еднаквоста помеѓу граѓаните и го поставува односот на државата кон една државничка функција.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата, кој е оспорен со оваа иницијатива, се доуредуваат одредени права што им припаѓаат на членовите на семејството на претседателот на Републиката кој починал за времетраење на мандатот, а кои во основа се утврдени со основниот текст на Законот (членовите 13, 15 и 16).
Со овој закон се прецизираат трошоците кои не се опфатени со стипендијата за школување во земјата и странство на која имаат право децата на починатиот претседател (право утврдено со член 13 од Законот), а кои законодавецот оценил дека произлегуваат при школувањето (такси за пријавување, сместување, исхрана, патни трошоци и здравствено осигурување), поради што оценил дека треба да бидат обезбедени од средствата во Буџетот на Република Македонија, на ист начин како и средствата за стипендија.
Исто така, во однос на обезбедувањето услови за домување на семејството, правото на сопственост на градежно неизградено земјиште за изградба на семејна куќа, утврдено со член 15 од Законот, се дополнува со право на надоместок на трошоците за изградба на семејната куќа, при што се лимитира дека за изградба на семејна куќа или за купување на стан државата обезбедува средства до 300м2 простор по цена за м2 на таа градежна зона, според пазарната вредност.
Во однос на посебните права за семејството на претседателот утврдени со член 16 од основниот текст на Законот (семејството да користи лично обезбедување, службено возило и возач; да кориси службени простории по потреба при прием на домашни и странски делегации и да има право на финансиски средства и службена придружба при патување на член на семејството по повод официјална покана за присуство на манифестација надвор од земјата) се прецизира органот кој е надлежен да донесе акт за остварување на посебните права на семејството, односно во кој случај е надлежна Владата на Република Македонија, а во кој случај е надлежно Министерството за финансии.
Имајќи предвид дека Уставниот суд ја ценел уставноста на членовите 13, 15 и 16 од основниот текст на Законот, пред нивното изменување и дополнување, и тоа од аспект на тоа дали со посебните права кои се пропишуваат со истите, само поради општествената положба која ја имаат членовите на семејството на претседателот, се доведуваат останатите граѓани во нерамноправна положба спротивно на членот 9 од Уставот, при што Судот не повел постапка за оценување на уставноста на овие одредби од причини претходно изнесени, Судот оцени дека не може основано да се постави прашањето за согласноста на сега оспорениот закон со уставните одредби на кои се повикува подносителот на иницијативата.
Ова од причина што со сега оспорениот Закон се врши дополнување на посебните права утврдени за семејството на претседателот на Република Македонија во случај на негова смрт за времетраење на мандатот, кои првенствено се утврдени со основниот текст на Законот, како и се допрецизира начинот на нивното остварување, при што нивното оспорување со иницијативата е од истите причини од кои бил оспорен Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата, односно дека со посебните права утврдени за оваа категорија граѓани, се доведувале останатите граѓани во нерамноправна положба спротивно на членот 9 од Уставот, а за кои Судот оценил дека се во согласност со Уставот на Република Македонија.
Во случајот на сега оспорениот закон, исто како и при оцената на уставноста на Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата, според Судот, право е на законодавецот да ги утврди и димензионира овие права, во функција на уредувањето на статусот и дигнитетот на функцијата претседател на Република Македонија, со што се поставува односот на државата кон една висока државничка функција, при што се надминува прашањето на еднаквоста помеѓу граѓаните.
Поради наведеното, Судот оцени дека оспорениот закон не може да се доведе под сомнение во однос на неговата согласност со член 9 и член 36 од Уставот на Република Македонија.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Махмут Јусуфи и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.220/2006
31 јануари 2007 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Махмут Јусуфи