2/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 26 јануари 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за платите и надоместоците на платите во Министерството за одбрана, бр.14-5293/1 донесен од Министерот за одбрана на 1, 21 и 23 ноември и на 20 декември 1994 година.
2. Димитрија Атанасовски адвокат од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што оспорениот правилник не бил објавен во “Службен весник на Република Македонија”, со него се уредувале прашања кои не можеле да бидат предмет на уредување4 со акт на министерот за одбрана и се востановувале односи со кои одредени лица се ставале во нееднаква положба, што не било во согласност со членовите 9, 32 и 52 од Уставот.
Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека постапувајќи по предметот У.бр.76/95 и 173/95, со Решение од 13 декември 1995 година ја отфрлил иницијативата за оценување уставноста и законитоста на повеќе одредби од оспорениот правилник бидејќи утврдил дека оспорениот акт не претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот за кој е надлежен да одлучува Уставниот суд, туку акт со кој органот на државната управа уредува внатрешни работно-правни прашања во својство на работодавец.
Исто така, Судот утврди дека на иницијатива на истиот подносител, постапувал по предметот У.бр.209/96 и со Решение од 13 ноември 1996 година ја отфрлил иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и з аконитоста на член 21 став 2 од оспорениот правилник, со образложение дека оспорената одредба веќе еднаш била предмет на оценување, а по повод новата иницијатива Судот не нашол основи за поинакво одлучување.
4. Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Тргнувајќи од тоа дека во наводите на иницијативата не се изнесуваат нови факти или околности кои не му биле познаит на Уставниот суд во одлучувањето по предметите У.бр.76/95, 173/95 и 209/96, Судот не најде основ за поинакво одлучување, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Су дот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен МИхајловски, д-р Јован проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.2/2000
26 јануари 2000 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков