212/1997-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 14 став 2, член 28 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 1 јули 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на
член 10 став 2 апинеја 1 и 2 од Законот за вршење на нотарските
работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/96 и 25/98)
и законитоста на член 2 од Правилникот за полагање на нотарскиот
испит (“Службен весник на Република Македонија” бр.4/97).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста
на член 6 и член 138, член 9 став 7, член 10 став 2 алинеја 3, член 14
став 2 и член 141 став 2 од Законот за вршење на нотарските
работи.
3. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за
оценување уставноста на член 141 став 3 од Законот за вршење на
нотарските работи.
4. Панче Докузов од Штип на Уставниот суд на Република
Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за
оценување уставноста на одредбите од Законот означени во точките
2 и 3 од ова решение и на законитоста на правилникот означен во
точката 1 од ова решение. Членовите 6 и 138 од Законот
подносителот на иницијативата ги оспорува затоа што со нив се
создавала монополска положба на нотарите во однос на адвокатите
во застапувањето на странки пред судовите и други органи; член 9
став 7 се оспорува затоа што со пропишувањето на обврска нотарот
да има и свое живеалиште во седиштето се повредувала слободата
на движење и достапноста на работното место спротивно на член 27
и 32 од Уставот; член 10 став 3 се оспорува затоа што
презадолженоста како пречка за именување на нотар ги доведувало
граѓаните во нееднаква положба според имотната состојба
спротивно на член 9 од Уставот; член 14 став 2 се оспорува затоа
што обврската за плаќање на осигурувањето од штета во определен износ ги ставало во нееднаква положба нотарите што немаат доволно средства за тоа; член 141 став 2 се оспорува затоа што создавал нееднаквост помеѓу лица со и без положен правосуден испит, а член 141 став 3 се оспорува затоа што ги привилегирал членовите на првата испитна комисија со тоа што им го признава нотарскиот испит иако не го положиле. Правилникот пак, се оспорува затоа што овозможувал кандидатите со положен правосуден испит при полагањето на нотарскиот испит повторно да ја полагаат истата материја.Членот 10 став 2 алинеи 1 и 2 од Законот Судот ги разгледуваше по сопетвена иницијатива.
5. На седницата Судот најпрво утврди дека од
поднесувањето на иницијативата до одржувањето на седницата на
Судот Собранието на Република Македонија донесе Закон за
изменување и дополнување на Законот за вршење на нотарските
работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.25/98) со кој
се извршени и одредени изменувања или дополнувања и на дел од
одредбите што беа оспорени со иницијативата, па затоа се впушти во
нивно разгледување и оценување според содржината што во
моментот на одлучувањето е во сила.
6. На седницата, по сопствена иницијатива, Судот утврди
дека во член 10 став 1 точка ѓ) од Законот, помеѓу другите услови за
именување на нотар, е утврдено и лицето да ужива углед за вршење
на нотарските работи. Во член 10 став 2 алинеи 1 и 2 од Законот е
утврдено да се смета дека не ги исполнува условите од став 1 точка
ѓ) од овој член лицето 1) кое е осудено за кривично дело од
користољубие или друго кривично дело кое се гони по службена
должност, се додека траат правните последици од осудата и 2) на
кое му престанала функцијата судија, државен службеник, нотар и
адвокат, затоа што претходно со одлука на надлежен орган е
утврдена негова одговорност, додека не поминат три години од
денот на престанувањето на функцијата.Според член 13 став 1 од Уставот лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука, а според член 14 став 1 од Уставот никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Согласно член 54 став 1 од Уставот слободите и правата на граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.Според член 32 став 2 од Уставот, секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.Уставниот суд на Република Македонија, разгледувајќи ги означените алинеи на чл.10 ст.2 од Законот оцени дека тие претставуваат облик на ограничување на правата и положбата на граѓаните во првиот случај , како последица од осудуваноста за кривични дела, што во теоријата и законодавството на Република Македонија е познато под поимот “правни последици на осудата”, а во вториот како последица од одговорност за престанок на функцијата што лицето ]а вршело во минатото, што во крајна линија има иста правна природа. Поради тоа, Уставниот суд смета дека за оценка на уставноста на оспорените алинеи, не е суштествено да утврди дали осудуваноста за кривично дело или разрешувањето од одредена функција е во склад со критериумите што во дадено време се важни за процена на личниот углед како вредносна категорија, туку дали пропишувањето на ограничувањето во оспорените одредби од Законот како последица на осуда за кривично дело односно разрешување има уставен основ.Тргнувајќи од изнесениот пристап, Судот како првенствен критериум на уставноста ги зеде предвид означените одредби од член 13 и 14 на Уставот кои, меѓу другото, утврдуваат два принципи на казнено-правниот однос, а тоа се, прво, дека за извршеното казниво дело на сторителот може да му се изрече казна што како таква е утврдена со закон или друг пропис и второ, дека казната може да се изрече само со судска одлука. Тоа, според мислењето на Судот, значи дека казнено правниот однос се исцрпува во релацијата на казнивото дело и судски изречена казна за неговиот сторител и дека натамошни последици од неговото извршување односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изречно утврдено со Уставот, согласно член 54 став 1 од Уставот.Имајќи предвид дека ограничувањето на достапноста на нотарската функција со оспорените одредби од Законот настапува како правна последица од осудата по сила на Законот, а не како индивидуализирана казна (забрана) што ја изрекува суд во рамките на видовите на казни односно санкции,, пред Судот се постави прашањето за нивната согласност со член 13 и 14, во врска со член 54 став 1 и член 32 од Уставот на Република Македонија.
7. Во член 2 од Правилникот за полагање на нотарскиот испит е предвидено тој да се полага усно и писмено според единствена содржина што опфаќа повеќе предмети и таа се однесува на сите кандидати, независно од тоа дали претходно имаат положено правосуден испит или не.Во членот 141 став 2 од Законот за вршење на нотарските работи глобално се утврдуваат областите кои треба да бидат опфатени во содржината на нотарскиот испит. Поради очигледното совпаѓање на дел од материјата на нотарскиот испит со правосудниот испит (кривично право, облигационо право, стварно и семејно право и т.н.) во овој член од Законот е изречно предвидено дека при определувањето на содржината на нотарскиот испит, кој се состои од устен и писмен дел, ќе се води сметка за содржината на правосудниот испит, за да се избегне повторното полагање на правната материја која била опфатена со правосудниот испит.Од изнесената законска одредба произлегува дека со Правилникот за полагање на нотарскиот испит треба да се обезбеди при полагањето на нотарскиот испит кандидатите со положен правосуден испит да не ја полагаат повторно материјата од тој испит која што исто така е потребна за нотарскиот испит. Со оглед на тоа што содржината на нотарскиот испит, во која е опфатен и дел од содржината на правосудниот испит, е утврдена единствено за сите кандидати пред Судот се постави прашањето за согласноста на член 2 од Правилникот со член 141 став 2 од Законот за вршење на нотарските работи.
8. Судот утврди дека според член 6 став 1 од Законот нотарот е овластен да ги застапува странките во неспорните работи пред судовите и другите органи, ако тие работи се во непосредна врска со исправата што тој ја составил, а согласно став 2 на овој член, во случаите од став 1 нотарот има права и должности како адвокат. Во член 138 од Законот е предвидено дека ако нотарот ја застапува странката како полномошник пред судот или друг орган, има право на награда и надоместок на трошоците според тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите и тоа во случаите кога нотарот е овластен да ги застапува странките пред судот. Во член 53 од Уставот адвокатурата е дефинирана како самостојна независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.Според мислењето на Судот, означената одредба од Уставот не ја претпоставува адвокатурата како исклучив или задолжителен облик на давање правна помош на граѓаните во остварување на нивните права и интереси пред судовите или други органи. Граѓаните се слободни сами да одлучат дали тие права и интереси ќе ги заштитуваат сами или со помош на правни стручњаци, освен во определени случаи во кривичната постапка кога е предвидена примена на институтот задолжителен бранител. Тоа значи дека оспорената одредба која предвидува можност, но не и обврска во определени случаи странките пред судовите и други органи да ги застапува нотар, не ги доведува граѓаните во положба да не можат да ги остваруваат сопствените интереси на начин кој тие сметаат дека за нив е најпогоден, вклучително да изберат и адвокат или пред тие органи да се појават без посредство и помош на правен застапник.Од друга страна, правото на нотарот од оспорената одредба да се јавува како застапник на странките, но во строго определени случаи, не ги доведува во прашање овластувањата на адвокатите ниту им одзема дел од работите кои и натаму може да ги вршат ако странките побараат правна помош од нив. Во тој контекст, оспор9ниот член 6 од Законот е истовремено и ограничување на нотарот во склад со генерапната забрана од член 32 од Законот нотарот да работи како адвокат, а правото на застапување во неспорните работи како исклучок, произлегува од природата на нотарските работи чија финализација во определени случаи е поврзана со акти на судовите и други органи.Поради тие причини, Судот оцени дека не може да се постави пршањето за согласноста на член 6 од Законот со Уставот.Исто така, со оглед на тоа што член 138 од Законот е логична последица на чл.6 пропишувајќи право на награда на нотарот за застапништвото во склад со стандардите на адвокатурата, Судот смета дека не може да се постави прашањето и за неговата согласност со Уставот.
9. Судот утврди дека во чл.9 ст.7 од Законот е предвидено дека нотарот мора во местото кое му е определено како службено седиште да има своја канцеларија и свое живеалиште или престојувапиште.Според чл.27 ст.1 од Уставот секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.Согласно чл.32 ст.1 и 2 од Уставот, покрај другото, секој има право на слободен избор на вработување и под еднакви услови му е достапно секое работно место.Уставниот суд смета дека за прашањето на уставноста на оваа одредба важно е да се разграничат условите за стекнување право за именување на нотар, од условите за вршење на нотарските работи. Обврската во седиштето за кое се именува нотарот да обезбеди канцеларија и живеалиште или престојувалиште не е услов за достапноста на нотарската служба, ниту пречка граѓанинот да одбира во кое место сака да биде нотар, но е суштински услов за вршење на таа служба кој настапува независно од критериумите за именување на нотар. Фактички може да постои различна положба на граѓаните кои во местото на конкурирање имаат и оние кои немаат живеалиште и престојувалиште, затоа што за овие вторите наметнува дополнителни финансиски издатоци, па таа одредба може да се сфаќа како услов што ограничува. Но, Законот и канцеларијата и живеалиштето односно престојувапиштето ги смета за природни услови за вршење на таа служба со оглед на потребата од постојано присуство на нотарот во интерес на граѓаните и правниот промет. И од други одредби во Законот може да се види дека една од целите на законот е да обезбеди постојано вршење на нотарската служба (определување заменик; овластување на друг нотар да ги преземе работите во случај на отс уство и т.н.). Оттука, Уставниот суд смета дека оспорената одредба треба да се набљудува во контекст на вршењето на службата и правата на граѓаните – нејзини корисници, а не во контекст на апсолутизирано сфаќање на слободата на движење и достапноста на секое работно место. Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на овој член од Законот со чл.27 и 32 од Уставот.
10. Судот утврди дека според чл.10 ст.2 алинеја 3 од Законот е предвидено дека лицето не го исполнува условот “угпед за вршење на нотарските работи” ако е презадолжено.Според чл.32 ст.2 од Уетавот секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.На седницата Судот констатира дека угледот на некое лице е квалитет од вредносна природа кој што тешко може правно да се регулира, но, сепак, во контекст на вршењето на одреденипрофесии не е непознато да се бара како одреден израз на јавна доверба заснована на професионалните и личните карактеристики на граѓанинот. Имајќи ја предвид природата и карактерот на нотарските работи, Судот оцени дека за нивното вршење не е неважно дали нотарот односно кандидатот ужива личен кредибилитет. Притоа тој кредибилитет би можел да се проценува само од аспект на актуелните лични односи и состојби кои би можеле да се поврзат со барањата на вршењето на професијата. Судот смета дека презадолженоста, како израз на личното однесување, а не како критериум на имотната состојба, може да биде негативен фактор за јавна доверба на определено лице кое како нотар треба да манифестира целосна одговорност за интересите на странките, што е и санкционирано низ низа обврски на нотарот кон нив. Односот кон личните обврски не може да се исклучи како претпоставен критериум за односот кон обврските кон другите, дотолку повеќе ако тие се иманенти на професијата нотар.Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека оспорената одредба не создава нееднакви услови на достапноста на нотарската професија, туку се заснова на фактички различни, нееднакви лични квалитети релевантни за вршењето на нотарските работи, поради што не може да се постави прашањето за нејзината согласност со чл.32 ст.2 од Уставот.
11. Во чл.14 ст.2 од Законот е предвидено дека највисокиот износ на осигурувањето од одговорност на нотарот се определува во висина на десетгодишна просечна плата во Републиката пресметана според податоците од Заводот за статистика. Според чл.9 ст.1 од Уставот, граѓаните се еднакви во слободите и правата помеѓу другото, и без оглед на нивната имотна положба. Судот утврди дека оо оспорената одредба не се утврдува различен статус или различни обврски за нотарите, туку единствена обврска за осигурување од одговорност во интерес на граѓаните – корисници на нотарските услуги. Различната финансиска моќ на нотарите е ирелевантна за постоењето на овој услов што треба да се исполни и на ниеден начин не може да го измени еднаквото важење на оспорената одредба за секој нотар, независно од имотната состојба. Поради тоа Судот утврди дека со оспорената одредба не се создава нееднаквост на нотарите според нивната имотна состојба и дека не може да се постави прашањето за нејзината согласност со
Уставот.
12. На седницата Судот утврди дека во чл.141 ст.2 од
Законот е предвидено дека со нотарскиот испит се проверува
познавањето на правните прописи со кои се уредува нотарската
служба, составувањето, заверката и легапизацијата на исправите во
односите со меѓународен елемент, трговските друштва,
претпријатијата и правните лица воопшто, евиденцијата на правата
на нед вижности, наследното, семејното и стварното право,
кривичното право, парничната, вонпарничната и извршната постапка
и други прописи неопходни за вршење на нотарската дејност. При
определувањето на содржината на нотарскиот испит, кој се состои
од усмен и писмен дел ќе се води сметка за содржината на
правосудниот испит, за да се избегне повторното полагање на
правната материја која била опфатена со правосудниот испит.
Содржината на нотарскиот испит поблиску се уредува со
правилникот на министерот.Според чл.9 ст.2 од Уставот сите се еднакви пред Уставот и законите. Судот утврди дека оспорениот член 141 ст.2 од Законот се заснова на декларираната поврзаност и делумно совпаѓање на нотарскиот и правосудниот испит и различната положба на кандидатите со и без положен правосудедн испит која е уважена како основ за нивниот различен третман во поглед на полагањето на нотарскиот испит. Во согласност со тоа, Судот смета дека избегнувањето на повторното полагање на иста материја за канидатите што положиле правосуден испит, не ги доведува нив во нееднаква положба со кандидатите без положен правосуден испит, туку ја уважува ралната нееднаквост во стручните квалитети на различни групи кандидати што, напротив, е израз на принципот на еднаквост. Поради тоа, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот член од Законот со чл.9 ст.2 од Уставот.
13. На седницата, Судот утврди дека оспорениот дел од
чл.141 ст.З од Законот кој предвидуваше дека на членовите на
првата испитна комисија им се признава нотарскиот испит,
престанал да важи со влегувањето во сила на Законот за
изменување и дополнување на Законот за вршење на нотарските
работи (“Сл.весник на РМ” бр.25/98) поради што Судот, согласно
член 28 од Деловникот на Уставниот суд, одлучи како во т.З од ова
решение.
14. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во
точките 1, 2 и 3 од ова решение.
15. Ова решение Судот го донесе во состав од
претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами,
д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р
Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор
Џунов.
У.бр.212/97
1 јули 1998 година
Скопје.