Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 јули 1994 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА барањето за оценување законитоста на Решението за локација бр.15-4523 од 8 јули 1993 година, донесено од Секретаријатот за урбанизам и комунално станбени работи на општина Гази Баба – Скопје.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Данчо Атанасовски од Скопје преку адвокатот Ратко Георгиев од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него е извршена измена на Деталниот урбанистички план за Нас.Маџари од 1985 година, односно со него се врши поместување на објектот за градба на станбената зграда П+4.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценување уставноста и законитоста на општ правен акт во смисла на член 110 од Уставот, туку се бара оценка на управен акт за што Уставниот суд на Република Македонија не е надлежен да одлучува, а за евентуалната повреда на законот странката може да се обрати до надлежниот суд.
Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.