202/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Релублика Македонија и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (” Службен весник на Република Македонија” 6р.70/92), на седницата одржана на 23 мај 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за комунален ред на Општина Штип, донесена од Советот на Општина Штип (” Службен гласник на Општина Штил” 6р.З/98 и 1/99).

2. Русе Илиев од Штип на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата со оспорената одлука, доносителот ги пречекорил законските овластувањаа затоа што уредил односи кои спаѓале во законодавна надлежност.

Имено, според член 6 од Законот за комунални дејности посебните услови и начинот на вршењето на комуналните дејности од членот 3 на овој закон, освен дејностите утврдени во точките 9, 13, 15, 16 и 17, се уредувале со закон. Меѓутоа, односите во снабдувањето со вода за пиење, одводнување на атмосферските води, одржување на јавните гробишта и давање погребални услуги, одржување на јавното осветлување, одржување и користење на пазариште и јавен градски и приградски превоз, и покрај тоа што биле законодавна надлежност, доносителот ги уредил со оспорената одлука.

Во иницијативата посебно се оспоруваат одредбите на член 20 и 68 од оспорената одлука и нивната несогласност со член 28 од Законот за комунални дејности, затоа што прекинувањето на давањето на услугата можело да се уреди само со закон, а не со одлука на олштина. Исто така. во иницијативата посебно се потенцира несогалсноста на одредбите на член 24 став 1 и 2 и на член 82 ставовите 5 и 6 од оспорената одлука со членот 220 од Законот за општа управна посталка, затоа што со заклучок на комуналниот инспектор не можело да се нареди поправка на оштетената и неисправна канализациона линија, ниту отстранување на импровизираните објекти, туку тоа можело да се нареди само врз основа на конечен управен акт. Понатаму, според член 29 став 2 на Одлуката се утврдувале права и обврски, што не било восогласност со член 8 алинеја 3, членот 51 и членот 115 став 2 од Уставот, а со одредбите на членовите 62 и 97 се воведувале јавни давачки што не било во согласност со членовите 33 и 114 став 4 од Уставот.Одлуката. конкретно член 99, не бил во согласност со член 52 став 4 од Уставот, а членот 197 од оспорената одлука не бил во согласност со член 14 став 1 од Уставот и членот 3 од Законот за прекршоците.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се уредува комуналниот ред во Општината Штип и се пропишуваат мерки за спроведување на комуналниот ред. Според членот 3 од Одлуката комунални дејности што се уредуваат со оваа одлука се: снабдување со вода за пиење, одводнување на отпадните и атмосферските води; одржување на јавната чистота; уредување, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми.водени и рекреативни површини; одржување на гробишта и давање на погребни услуги; одржување на јавното осветлување; вршење на оџачарски услуги; одржување на комунални уреди; одржување и користење на пазари; одржување на уличната сообраќајна сигнализација и други сообраќпјни инфраструктурни објекти; одржување и користење на јавниот простор за паркирање ; отстранување и чување на непрописно паркирани возила; јавен градски и приградски превоз; дезинфекција, дезинсекција и дератизација; одржување на јавни санитарни јазли и регулација на коритата на реките Отиња и Брегалница.

Со Одлуката е утврден јавен интерес за овие дејности и е предвидено дека може да ги врши јавно претпријатие за комунална дејност основано од Општината, со давање на концесија на правни и физички лица за вршење на комунална дејност на начин утврден со закон и со дозвола за вршење на комунална дејност. Вршителите на означените дејности се должни да обезбедат трајно и квалитетно вршење на дејностите, како и одржување на објектите и опремата на комуналната инфраструктура во функционална состојба (член 5 од Одлуката). Како корисници на услугите во смисла на оваа одлука се сметаат физичките лица кои жвеат и правните лица чие седиште е на подрачјето на Општина Штип – корисници на услуги и тие се должни да се придржуваат кон одредбите на оваа одлука (член 7 и 8 од Одлуката).

Според членот 10 од Одлуката комуналните дејности од јавен интерес се финансираат според годишна програма која ја донесува Советот на Општина Штип. Понатаму, оспорената одлука предвидува мерки за спроведување на комуналниот ред (глава III од Одлуката). Во членот 193 од оваа одлука е предвидено дека мерките за спроведување на комуналниот ред за вршење на дејностите од член 3 на оваа одлука, се утврдуваат со годишни програми за секоја дејност поодделно во рамките иа условите утврдени со оваа одлука. Годишните програми ги донесува Советот на Општината Штип.Според членот 196 од Одлуката надзор во спроведувањето на оваа одлука врши општинскиот комунален инспектор, кој во рамките на својата надлежност донесува решенија и заклучоци. Во главата IV од Одлуката под наслов ” казнени одредби” конкретно според член 197, за непочитување на оваа одлука ќе се применуваат казнените одредби определени во Законот за комунална дејност, Законот за заштита на животната средина, Законот за отпад, Законот за одржување на јавната чистота, собирање и транспортирање на комуналниот цврст и технолошки отпад и Законот за превоз во патниот сообраќај.

4. Според член 115 од Уставот на Репуолика Македонија, во единиците на локалната самоуправа граганите непосредно и преку претставници учествуват во одлучување за прашања од локално значење. а особено, меѓу другото во областа на комуналните дејности утврдени со закон. Во ставот 2 на овој член е предвидено дека општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста во нејзината работа го врши Републиката, а според ставот 3 исто на овој член Републиката со закон може да и довери вршење на определени работи на општината.

Според член 17 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” 6р.52/95, 60/95), единиците на локалната самоуправа самостојно го уредуваат и организираат снабдувањето со вода за пиење и одводнувањето на отпадните и атмосферски води во согласност со закон (точка 8), ги уредуваат и организираат работите сврзани со јавната чистота во согласност со закон (точка 9), ги уредуваат и организираат работите сврзпни со јавното осветлување во согласност со закон (точка 10), го уредуваат начинот на одржувањето и користењето на парковите идруги јавни површини од локално значење (точка 11). Го уредуваат начинот на превоз во градскиот. приградскиот, односно локалниот сообраќај во согласност со закон (точка 12), го уредуваат одржувањето на уличната сигнализација во согласност со закон (точка 13), го уредуваат одржувањето на гробиштата и начинот на користењето во согласност со закон (точка 14), ги уредуваат регулацијата, одржувањето и користењето на коритата на реките во согласност со закон (точка 15), го уредвуаат одржувањето и користењето на јавните пазаршита во согласност со закон (точка 16), чистењето на оџаците (точка 17), одржувањето на јавниот простор за ларкирање и начинот на неговото користење (точка 18).

Според точката 29 на член 17 од Законот, за вршење на работите од локален карактер општините основаат јавни служби, јавни установи и јавни претпријатија во согласност со закон и вршат контрола над нивната работа, а според точката 30, исто од овој член, основаат инспекциски органи и служби за областите за кои единиците на локалната самоуправа имаат самостојна надлежност во уредувањето и остварувањето на работите од тие области.

Со Законот за комунални дејности (“Службен весник на РМ” 6р.45/97 и 23/99), се уредуваат основните услови и начинот на вршење на комуналните дејности, финансирањето на комуналните дејности и други прашања од значење за комуналните дејности.

Во членот 2 од Законот е предвидено дека вршењото на комунални дејности е од јавен интерес, а во членот 3, исго од овој закон, се определени комуналните дејности во смисла на овој закон.

Според член 6 од Законот, посебните услови и начинот на вршење на комуналните дејности од член 3 на овој закон, освен од точките 9 (одржување на паркови и зеленило, парк-шуми, водни и рекреативни површини, под што се подразбира подигање. одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегтација и слично) 13 (одржување и користење на јавниот простор за паркирање, под што се подразбира одржување на лросторот и објектите и давање на соодветни услуги, како и утврдување начинот на негово користење), 15 (вршење на оџачарски услуги, под што се подразбира чистење и контрола на објектие за спроведување на чад и опремата за ложење) и 17 (отстранување и чување на непрописно паркирани возила, ерадикација на животни скитници, украсување на населените мста, одржување на јавни санитарни јазли, аерозапрашувања, дезинфекција, дератизација и слично), се уредуваат со закон.

Во членот 7 од Законот е предвидено дека општината односно Градот Скопје е должен да донесе одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, а според ставот 2 на овој член, под комунален ред во смисла на став 1 на овој член, се подразбира поблиско уредување на односите и начинот на вршење на комуналните дејности меѓу корисниците и давателите на услугите.

Од наведените уставни и законски одредби произлегува дека општината е овластена со свој пропис да го уреди комуналниот ред и да пропише мерки за спроведување на комуналниот ред. Во оваа смисла Општината Штип ја донел и оспорената одлука.Во врска со предното се поставува прашањето дали уредувајќи го комуналниот ред со оспорената одлука Општината Штип ги пречекорила законските овластувања, односно дали само поблиску ги уредила односите и начинот на вршењето на комуналните дејности меѓу корисниците и давателите на услугите или со Одлуката се утврдени посебните услови за вршсње на комуналните дејности што е законодавна надлежност (освен за предвидените исклучоци).

Од содржината на оспорената одлука произлегува дека Општината Штип поблиску ги уредила односите помеѓу корисниците и давателите на услугите и начинот на вршењето на комуналните дејности. не навлегувајќи во законодавната надлежност, туку само што е надлежност на општината. При тоа ги означила комуналните дејности од јавен интерес за Општината поблиску го уредила начинот на нивното вршење преку јавно претлријатие за комунална дејност основано од Општината, со давање концесија на правни и физички лица на начин утврден со закон или со дозвола за вршење на комунална дејност, го определила начинот на спроведување на Одлуката со донесување на програмите на давателите на услугите, ги утврдила изворите на средства за финансирање на комуналнитс дејности и го уредила надзорот за спроведување на истата.

Според мислењето на Судот, предвидените исклучоци во членот 6 од Законот за комунални дејности значи дека општината ги утврдува и посебните услови за вршење на тие дејности и не го исклучува правото на општината со одлуката за комунален ред поблиску да ги уреди односите и начинот на вршење на комунални дејности од интерес за општината. Оттука произлегува дека општината Штип се движела во рамките на законското овластување и со Одлуката само поблиску ги уредила односитеза комунален ред на нејзиното подрачје, поради што оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината уставност и законитост.

Во иницијативата посебно се оспорува одредбата на член 20 од оспорената одлука според која. за неплаќање на надомстокот за потрошената вода подолго од 3 месеци ЈП “Исар” има право да го исклучи корисникот на вода од јавната водоводна мрежа се додека не го подмири долгот за потрошената вода, како и на одредбата од членот 68 според која. доколку корисникот не плати две сметки во текот на годината, давателот на услугата има право да ја прекине истата. За лрекинување на у слугата се известува корисникот и надлежниот комунален инспектор-Во врска со предното се поставува прашањето дали поради неплатќање на услугата давателот на услугата може да го прекине давањето на услугата.

Членот 147 од Законот за водите (“Службен весник на РМ” бр.4/98), ги предвидува случаите кога на корисникот ќе му биде прекинато испорачувањето на вода и тоа: 1) ако не платил за користење на водата, 2) ако ги оштетил објектите или 3) не ги извршил другите обврски утврдени со овој закон.

Исто така и според член 28 од Законот за комунални дејности, ако корисникот редовно не ја плаќа комуналната услугп. давателот има.право да го прекине давањето на услугата, под условите и на начин утврдени со овој закон.

Оспорената одлука со одредбите од членовите 20 и 68 ги утврдува случаите кога јавното претпријатие може да го прекине водоснабдувањето на корисниците.

Од наведените законски одредби недвосмислено произлегува дека постои законска можност за прекин на водоснабдувањето и исклучување на корисниците во случпј на неплаќање за користење на водата. а оспорените одредои се операционализација на законските норми поради што, Судот смета дека не може да се постави прашањето за нивната законитост, односно согласност со член 28 од Законот за комунални дејности и членот 147 од Законот за водите.

Од аспект на наводите во иницијативата Судот посебно го ценеше член 29 од Одлуката според кој, корисниците на услугите се приклучуваат директно во уличната фекална канализациона мрежа, а според ставот 2 на овој член, корисниците кои се приклучуваат на фекалната канализациона мрежа преку соседен имот, по завршување на работите, должни се соседниот имот да го доведат во првобитна состојба, како и да ја надоместат секоја штета што ја сториле, како и одредбата од членот 111 став 2 на Одлуката според кој организаторот на активностите од претходниот став (се однесува на објектите во кои се одржуваат спортски вежби, приредби, изложби и слично со одобрението за комунални работи), е должен објектот да го врати во првобитна состојба или да ја надомести причинетата штета.

Овие одредби како што е наведено се оспоруваат од аспект на нивна несогласност со член 8 алинеја 3 (владеење на правото), со член 51 ( дека законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон) и со член 115 став 2 од Уставот (општината е самостојна во вршењето на надлежностите утврдени со Устав и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината работа го врши Републиката).

Меѓутоа, според мислењето на Судот не може да се постави прашањето за согласноста на одредбата од член 29 и член 111 од оспорената одлука со наведените уставни одредби од причини што обврските произлегуваат од давањето на услугите и се во функција на заштита на сопственоста на граѓаните односно на комуналните објекти, односно не е во прашање воведување на обврски за граѓаните како јавна давачка, туку обврски кои произлегуваат од комунални услуги и заштита на сопственоста на имотот на граѓаните.Од истите причини Судот смета дека не може да се постави прашањето за согласноста на член 62 и 97 од оспороната одлука со член 33 и 114 став 4 од Уставот затоа што со нив не се воведува јавна давачка, туку надоместок за извршена комунална услуга.

Оспорениот член 99 од Одлуката предвидува сите физички или правни лица кои имаат поставено опрема за рекалмирање се должни во рок од 30 дена од стапување во сила на оваа одлука да поднесат барање за добивање одобрение за легализирање на веќе поставената опрема. Во спротивно истите ќе бидат присилно отстранети на сметка на сопствениците. Оваа одредба се оспорува од аспект на нејзиното повратно дејство поради што не била во согласност со член 52 од Уставот.

Меѓутоа, според мислењето на Судот, во случајов не станува збор за повреда на уставното начело според кој законите и прописите не можат да имаат повратно дејство од причини што ова уставно начело има предвид правна ситуација заснована на Уставог и законите, а не и ситуација на нелегално поставена опрема за рекалмирање. Оваа оспорена одредба токму дава можност да се легализира поставената опрема за рекалми за во иднина и не може да се сфати дека ваквите односи ги санкционира со повратно дејство поради што Судот оцени дека не може да се постави прашањето за нејзината уставност.

Според мислењето на Судот, не може да се постави прашањето и за согласноста на член 197 од оспорената одлука со член 14 став 1 од Уставот според кој. никој не може да Оиде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не било предвидена казна.

Имено, спред член 33 од Законот за комунани дејности општините за вршење на работите од областа на комуналните дејности, во рамките на нивните надлежности утврдени со закон назначуваат комунални инспектори, кои согласно ставот 2 на овој член вршат инспекциски надзор над јавните комунални претпријатија, основани од општините. над спроведување на одлуката за комунален ред и над физичкиле и правните лица на кои општината им дала дозвола за вршсњо на комунална дејност.

Понатаму, во членовите 34 до 36 се определени овластувањата на инспекторот. а во Глава VI од Законот се определени прекршоците и казните за прекршоците како за давателите на комуналните услуги. така и за нивните корисници. Оспорената одредба на член 197 од Одлуката не определува ниту прекршоци ниту казни, туку само упатува дека ќе се применуваат казнените одредби определени со одделни закони, а согласно член 34 став 2 од Законот за комунални дејности ако при вршењето на иснпекцискиот надзор инспскторот утврди дека сторен прекршок или кривично дело должен да покрене постапка пред надлежен суд.

Според член 24 став 1 од Одлуката според кој. корисникот на услугата е должен канализационата линија од станбениот објект до приклучната шахта да ја одржуна во исправна состојба и во случај на оштетување на истата веднаш е должен да ја доведе во исрпавна состојба и на неговиот став 2, според кој доколку корисникот во случај на оштетување на линијата не постапи според ставот 1 на овој член, поправката на оштетената и неисправна канализациона линија од приклучната шахта до станбениот и деловниот објект се врши врз основа на заклучок од општинскиот комунален инспектор, а според член 82 став 5 отстранувањето на инпровизираните објекти во кои се чува добиток и живина, се врши врз основа на заклучок од општинскиот комунален инспектор и на ставот 6 од овој член, според кој трошоците за отстранување на објектите од претходниот став спаѓаат на товар на корисникот, се оспоруваат поради нивна несогласност со члон 220 од Законот за општа управна постапка, односно поради тоа што со заклучок на општинскиот комунален инспектор не можело да се налага полравка на оштетена и неисправна канализациона линија, ниту отстранување на инпровизирани објекти.

Не е спорно дека согласно член 220 од Законот за општа управна постапка со заклучок се одлучва за прашања кои се однесуваат на постапката. Според ставот 2 на овој член, со заклучок се одлучва и за прашања кои се појавуваат како споредни во врска со спроведувањето на постапката, а за кои не се одлучува со решение.

Според тоа, зависно од тоа дали се одлучува за споредно прашање во врска со постапката или за суштинско прашање можно е инспекторот да донесува и заклучок. Во вршење на инспекцискиот надзор со заклучок комуналниот инспектор налага преземање на дејствие. а доколку странката не го преземе тоа дејствите во определен рок во тој случај донесува решение.

Според тоа, заклучокот нема такво значење како што е наведено во иницијативата, поради што неможе да се постави прашањето за согласноста и на овие одредби со Уставот и Законот.

Врз основа на изнесеното. Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав: судијата Олга Лазова во својство на заменик претседател на Судот и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова. д-р Стојмен Михајловски , д-р Милан Недков, д-р Јован Проевоки, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.202/2000
23 мај 2001 година
С к о п ј е