199/2007-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 09 јули 2008 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членовите 3, 24 став 2, 34, 35 ставови 2 и 3, 37 став 2, 46, 50, 51, 61, 63, 71 и 75, од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/2005 и 13/2007),

2. СЕ ОТРФЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на:
а) уставноста на членовите 18 став 2, 24 став 1 и 81 од наведениот закон и
б) уставноста и законитоста на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 26/2008).

3. Мирослав Грчев од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите означени во точка 1 и 2 под а) од Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, како и оценување на уставноста и законитоста на уредбата означена во точката 2 под б) од оваа решение.

Оспорените одредби од Законот, со иницијативата се оспоруваат како неуставни од аспект на тоа дека со закон се наложувало престанок односно губење на ст атусот „право на користење“ на градежно земјиште. Имено, по сила на закон се губело корисничкото право, доколку во определен рок корисниците не поднеле барање до надлежен орган за стекнување на право на сопственост, закуп и сл. на градежното земјиште.

Ова било спротивно на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, бидејќи „користењето“ било стекнувано по законски пат во минатото со правен промет на објектите и пренос на трајното право на користење на градежното земјиште. Во прометот бил исплатуван имотот, а сега со оспорените законски одредби граѓаните биле доведени во ситуација да плаќаат на државата апстрактен надомест кој бил административно рангиран и определен со подзаконски акт, а во спротивно ќе го изгубеле правото на трајно користење на земјиштето кое произлегувало од сопственоста на имотот на граѓаните а не на државата.

Посебно членот 18 став 2 од Законот се оспорува од аспект дека е неуставен односно спротивен на владеењето на правото и еднаквоста на граѓаните пред законите, бидејќи поаѓа во дефинирање на статус без суштински туку на формален основ . Имено, „стекнато без надомест“ се сметало градежно земјиште за кое намало во актот за доделување наведено дека требало да се плати, па поради тоа било ненаплатено. Меѓутоа, граѓаните не можеле да се двојат на корисници без и со платен надомест за доделено земјиште на база на актот за доделување од државата, бидејќи доделувањето во принцип било со обврска за плаќање, а по исклучок без надомест и во сек ој конкретен предмет тоа се утврдувало од документите, а не по дефиниција во закон (член 18 став 2 точка 1) како што е сега во случајов. Воедно, со откупот на општествен објект (член 18 став 2 точка 2) од страна на граѓанинот, станувало збор за наплатен промет, односно пренос во сопственост на објектот и трајно право на користење на земјиштето, па неможело да се смета по сила на закон дека станувало збор за корисници на земјиште кои требало да се третираат дека земјиштето не го платиле во прометот. Имено, државата во општествените објекти кои ги продавала со договори на граѓаните, имала вложувања при градбата и уредувањето на градежното земјиште, кои биле вградени во прометната цена, и тоа се гледало во стварноста.

Посебно членовите 71 и 75 од Законот се оспоруваат од аспект дека биле неуставни и со нив се нарушувало уставно определеното начело на владеењето на правото и заштитата на приватната сопственост, од причини што по сила на закон се одземало правото на користење на градежно земјиште кое било стекнато од правни (а не физички) лица во поранешен период. Ова поради тоа што во случајов земјата ја делела судбината на објектите на кои постоело право на сопственост на трети лица кои го купиле имотот од поранешните правни лица, и неупотреблив бил имотот на сопствениците ако земјиштето им се одземало како што било определено со овие законски одредби.

Подносителот на иницијативата ја оспорува и Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапка за наплата на надоместот за приватизација на градежното земјиште, сметајќи дека Владата на Република Македонија на арбитререн начин го уредувало правото на надоместот на градежното земјиште.

4. Судот на седницата утврди дека според оспорениот член 3 став 1 од Законот, корисниците на градежно земјиште во државна сопственост, за стекнување на право на сопственост, долготраен закуп и времен закуп се должни да поднесат барање под услови, на начин и во постапка утврдени со овој закон.

Според ставот 2 од овој член од Законот, aко корисниците на градежно земјиште во државна сопственост за стекнување на правата од ставот 1 на овој член во роковвите определени со овој закон не поднесат барање, правото се востановува под услови и на начин утврдени со овој закон.

Според ставот 3 од овој член од Законот, со стекнувањето на правата од ставот 1 на овој член, врз основа на овој закон престанува правото на користење на градежното земјиште во државна сопственост на досегашните корисници на градежното земјиште.

Според оспорениот член 18 став 1 од Законот, градежното земјиште, на кое постои право на користење на физички лица стекнато без надомест, може да се приватизира од државна сопственост во сопственост на корисниците на градежното земјиште со плаќање надомест.

Во ставот 2 од овој член од Законот е утврдено дека правото на користење на земјиштето од ставот 1 на овој член е стекнато без надомест, ако е стекнато со:
1) доделување на градежно земјиште на користење без надомест кога во актот за доделување на градежното земјиште не е определен надомест, односно обврска за плаќање надомест,
2) стекнување на право на сопственост на објект со правна основа при што со пренесување на правото на сопственост на објектот е пренесено и правото на користење на градежното земјиште во општествена, односно државна сопственост.

Според оспорениот член 24 став 1 од законот, висината на надоместот за градежното земјиште што е предмет на приватизација, како и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација, на предлог на министерот за финансии ги пропишува Владата на Република Македонија со посебен пропис.

Ставот 2 од овој член утврдува дека висината на надоместот за градежното земјиште што е предмет на приватизација се утврдува во зависност од зоните утврднеи во членот 83 од овој закон.

Според оспорениот член 34 став 1 од Законот, корисникот на градежното земјиште кое не е приватизирано се стекнува со право на долготраен закуп согласно со овој закон.

Според ставот 2 на овој член од Законот, за правото на долготраен закуп на градежното земјиште на кое постои право на користење се плаќа закупнина.

Ставот 3 од овој член определува дека одредбите од членовите 13, 14 и 15 на овој закон соодветно се применуваат и во случај кога на гградежното земјиште се стекнува право на долготраен закуп.

Според оспорениот член 35 став 1 од Законот, правото на долготраен закуп се стекнува со договор во писмена форма, склучен меѓу Република Македонија како закуподавец и корисникот на градежното земјиште како закупец, со кој се уредуваат правата и обврските од закупниот однос на градежното земјиште.

Според ставот 2 од овој член од Законот, кога корисникот на градежното земјиште нема да стекне право на долготраен закуп со договор, во рокот определен со членот 46 став 2 на овој закон, долготрајниот закуп се стекнува по сила на овој закон.

Според ставот 3 од овој член од Законот, во случаите од ставот 2 на овој член долготрајниот зкауп се стекнува со решение на органот на државната управа надлежен за управување со градежното земјиште.

Според оспорениот член 37 став 2 од Законот, кога правото на долготрајниот закуп се утврдува по службена должност времетраењето на долготрајниот закуп изнесува десет години со можност за продолжување.

Според оспорениот член 46 став 1 од Законот, постапката за стекнување право на долготраен закуп на градежно земјиште се покренува по барање на корисникот на градежното земјиште или по службена должност од страна на органот на државната управа надлежен за управување со градежното земјиште.

Во ставот 2 од овој член од Законот е утврдено дека постапката за стекнување право на долготраен закуп на градежно земјиште се покренува по службена должност ако корисникот на градежното земјиште не поднесе барање за стекнување право на долготраен закуп, односно за приватизација на градежното земјиште во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон, или пак ако по поднесено барање за стекнување право на долготраен закуп во рок од шест месеца не пристапи кон склучување на договор.

Според оспорениот член 50 став 1 од Законот, постапката за стекнување право на долготраен закуп на градежно земјиште се покренува по службена должност кога физичките, односно правните лица не ја исполниле обврската во согласност со членот 3 став (1) од овој закон.

Според ставот 2 од овој член од Законот, на барање на органот на државната управа надлежен за управување со градежно земјиште, органот на државната управа надлежен за водење на соодветната јавна книга за недвижности доставува податоци за земјиштето и корисникот на градежното земјиште чие земјиште не е приватизирано, заради покренување по службена должност на постапката од ставот 1 на овој член.

Ставот 3 од овој член утврдува дека на барање на органот на државната управа надлежен за управување со градежно земјиште, органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи ги дава сите податоци од евиденцијата од членот 33 став 1 на овој закон.

Согласно ставот 4 на овој член, на барање на органот на државната управа надлежен за управување со градежно земјиште, органот на државната управа надлежен за јавни приходи доставува податоци за градежното земјиште и корисникот на градежното земјиште, заради покренување на постапката од ставот 1 на овој член.

Според оспорениот член 51 став 1 од Законот, кога правото на долготраен закуп на градежното земјиште се стекнува по службена должност, органот на државната управа надлежен за управување со градежното земјиште донесува решение врз основа на кое корисникот на градежното земјиште се стекнува со право на долготраен закуп на градежното земјиште (решение за долготраен закуп).

Во ставот 2 од овој член од Законот е утврдено дека решението за долготраен зкауп содржи:
– податоци за лицето кое стекнува право на долготраен закуп на градежното земјиште (име и презиме, живеалиште и единствен матичен број за физичко лице и назив, седиште и единствен даночен број за правно лице),
– податоци за градежното земјиште предмет на долготраен закуп од соодветната јавна книга и намената на земјиштето,
– времетраење на долготрајниот закуп,
– обврска за плаќање закупнина за стекнатото право на долготраен закуп,
– висина, начин и рокови за плаќање на закупнината,
– сметка на која се плаќа закупнината,
– обврска за измена на решението во случај на промена на носителот на правото на долготраен закуп (член 5 став 2) и
– измена на висината на закупнината согласно со посебниот пропис на Владата на Република Македонија од членот 38 на овој закон.

Според ставот 3 од овој член од Законот, решението за долготраен закуп на градежно неизградено земјиште покрај податоците од ставот 2 на овој член, содржи и клаузула за престанок на правото на долготраен закуп на градежно неизградено земјиште кога закупецот не ја плаќа закупнината и кога закупецот градежното земјиште го користи спротивно на намената утврдена со решеното за долготраен закуп.

Според оспорениот член 61 став 1 од Законот, кога во постапката за приватизација, градежното земјиште не може да се приватизира и кога во постапката за долготраен закуп пра вото на долготраен закуп не може да се стекне под услови утврдени со овој закон, а корисникот во чие фактичко владение е градежното земјиште не поднесе барање за стекнување право на времен закуп, органот на државната управа надлежен за управување со градежно земјиште по службена должност ќе донесе решение со кое се стекнува право на времен закуп.

Ставот 2 од овој член од Законот утврдува дека решението за времен закуп ги содржи податоците од членот 51 став 2 на овој закон.

Според оспорениот член 63 став 1 од Законот, против решението за времен закуп може да се изјави жалба до Владата на Република Македонија – Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на имотно-правните работи и градежното земјиште.

Според ставот 2 на овој член од Законот, правосилното решение за времен закуп по службена должност се доставува до органот на државната управа надлежен за водење на соодветната јавна книга за недвижности.

Според оспорениот член 71 став 1 од Законот, правото на користење на градежното изградено земјиште во државна сопственост на кое постојни или поранешни правни лица, односно нивни правни следбеници изградиле или стекнале објект (станбена и друга градба), а кој објект во правниот промет станал сопственост на трети лица ќе се одземе со решение на органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи.

Според ставот 2 на овој член од Законот, на градежното земјиште во државна сопственост од ставот 1 на овој член, може на сопственикот на објектот да се утврди право на прива тизација или право на долготраен закуп согласно со овој закон.

Според оспорениот член 75 од Законот, одземањето на правото на користење на градежното земјиште согласно со членовите 71, 72 став 2, 73 став 2 и 74 став 1 на овој закон е од јавен интерес.

Членот 81 став 1 од Законот предвидуваше дека корисниците на градежното изградено земјиште во државна сопственост до стекнувањето на право на сопственост, долготраен закуп или времен закуп, правото на користење на градежното изградено земјиште можат да го пренесуваат само со преносот на правото на сопственост на објектот, ако поднеле барање за стекнување на правото на сопственост, долготраен закуп или времен закуп на градежното земјиште во државна сопственост согласно со овој закон, а ставот 2 на овој член од Законот предвидуваше дека правните дела спротивни на ставот 1 од овој член се ништовни и не произведуваат правно дејство.

Судот на седницата, исто така, утрврди дека со оспорената Уредба се уредува висината, како и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежното земјиште.

5. Со Законот за национализација на наемните згради и градежното земјиште („Службен лист на ФНРЈ“ бр.52/1958) стапи во сила на 26 декември 1958 година (кратко ЗННЗГЗ) се пропиша режим на градежно земјиште, за прв пат, кој за сопствениците на земјиштето (стекнато во правен промет со децении претходно), означи нов статус и односи.

Со овој закон за определување на градежно земјиште во градовите и населбите од градски карактер („Службен лист на СФРЈ“ бр.5/1968 и 20/1968) кој влезе во сила на 15 февруари 1968 година, потоа Републичките закони кои се однесуваа за определување на градежно земјиште од 1973 година („Службен весник на СРМ“ бр.10/1973) и од 1979 година („Службен весник на СРМ“ бр.10/1979, 18/1989, 21/1991, 71/1996, …) беше пропишан режимот на градежното земјиште со следниве битни карактеристики:

1) Со ЗННЗГЗ од 1958 година се прогласија за „поопштествени односно национализирани“ реоните на градовите и населените места;
2) Оперативно, со многубројни одлуки на општините беа прецизно набројани и утврдени каттастарските парцели кои влегуваа воопфатот на „национализираните реони“, и тие беа проширувани се до 1991 година односно до донесувањето на Уставот на Република Македонија, кога запре процесот на прогласување и ширење со одлуки на општините;
3) Сопствениците на градежните земјишта, од сопственици добија термин „корисници“,односно „поранешни сопственици“ на своите земјишта;
4) Поранешните сопственици, како корисници имаа право на терен фактички да продолжат да го владеат земјиштето, имаа предимствено право да градат во рамки на станбениот максумум, земјиштето можеа да го наследуваат потомците, посвоениците, брачните другари и родители и тие да градат и да го користат, како „поранешни сопственици“.

Круцијално е што и прометот на земјиштето на други лица не беше забранет се до 1968 година, во национализираните реони.

Според член 8 алинеја 3 од Уставот владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Републи ка Македонија.

Според член 9 став 2 од Уставот, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Правната заштита на сопственоста е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Со членот 30 од Уставот, се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Од наведеното произлегува дека Уставот го гарантира правото на сопственост, при што не допушта да бидат одземени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Членот 1 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, утврдува дека со овој закон се уредува приватизацијата, долготрајниот закуп, времениот закуп, одземањето и престанувањето на правото на користење на градежното земјиште во државна сопственост, на кое право на користење имаат физички лица.

Спорд членот 2 точка 2 и 3 од Законот, градежно земјиште во државна сопственост е земјиште на кое право на сопственост има Република Македонија и приватизацијата на градежно земјиште во државна сопственост” е стекнување на право на приватна сопственост на градежното земјиште во државна сопственост на кое право на користење имаат физички и правни лица.

Според членот 2 точката 4 од Законот, корисници на градежно земјиште с е: физички и правни лица кои правото на користење на градежно земјиште во државна сопственост го стекнале со правна основа.

Според точката 5 од наведениот член од Законот, долготраен закуп е стварно право кое се востановува меѓу Република Македонија како закуподавец и корисникот на градежното земјиште како закупец, на начин определен со овој закон. Времен закуп е закупен однос кој се установува меѓу Република Македонија како закуподавец и корисникот во чие фактичкко владение е градежното земјиште, како закупец, на начин определен со овој закон.

Според членот 2 точка 7 од Законот за приватизација, поранешни сопственици на градежно земјиште се:
– физичките лица кои биле сопственици на земјиштето на денот кога тоа земјиште било поопштествено односно национализирано со закон, одлука на околиски наредон одбор или одлука на собрание на општина;
– „физички лица“ сегашни корисници на кои им е пренесено (станува збор за промет) правото на трајно користење на градежно неизградено земјиште согласно со членот 39 од ЗННЗГЗ („Службен лист на ФНРЈ“ бр.52/1958) и задолжителното толкување на членот 39 став 1 од овој закон („Службен лист на ФНРЈ“ бр.24/1959, 24/1961 и 1/1963) во периодот до 15 февруари 1968 година, како ден кога е влезен во сила Сојузниот закон за определување на градежно земјиште во градовите и населбите од градски карактер („Службен лист на СФРЈ“ бр.5/1968 и 20/1968), доколку според членот 5 од тој закон пренесеното трајно право на користење на градежното неизградено земјиште во овој период ги и сполнува еден од следниве услови: договорот за пренос е заверен од орган надлежен за заверување, ако договорената цена е исплатена преку банка и ако лицето на кое му е пренесено правото на користење ги извршувало обврските спрема заедницата во однос на тоа земјиште, како и
– поранешни сопственици се и физичките лица наследници на физичките лица од погоренаведените во оваа точка според прописите за наследување.

Во членот 3 од овој закон, кој влегува во Глава I (Основни одредби) се предвидува дека корисниците на градежното земјиште во државна сопственост, за стекнување на право на сопственост, долготраен закуп и времен закуп се должни да поднесат барање под услови, на начин и во постапка утврдени со овој закон. Ако корисниците на градежното земјиште во државна сопственост за стекнување на правата од ставот 1 на овој член во роковите определени со овој закон не поднесат барање, правото се установува под услови и на начин утврдени со овој закон.

Во Глава II од овој закон со наслов “Приватизација на градежно земјиште во државна сопственост” се содржани четири потточки и тоа: 1) Начин на приватизација; 2) Услови за приватизација; 3) Надомест за приватизација на градежно земјиште и 4) Постапка за приватизација на градежното земјиште.

Од анализата на наведените одредби од Законот, според Судот, логично произлегува дека Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, јасно и децидно го одредува значењето на терминот приватизација, што всушност истото значи и истовремено ги опр еделува, односно утврдува начинот, условите и постапката за приватизација, како и плаќањето на надоместокот за приватизација на градежното земјиште.

Имено, Република Македонија е титулар на национализираното градежно земјиште, кое со процесот наприватизацијата ќе воспостави односи на право на сопственост и право на закуп на земјиштето, елиминирајќи го досегашното корисничко право на градежното земјиште, на физичките и правните лица.

Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост во членот 2 став 1 точка 7 дефинирал кои лица се сметаат за „поранешни сопственици“, а во членот 16 дефинирал дека за физичките лица кои имаат статус на „поранешни сопственици“ приватизацијата е без обврска да платат надомест . Ова затоа што тие на државата не и должат надомест. Државата не им го доделувала или давала во користење.

Според иницијативата, со оспорените одредби од членовите 3, 34, 35, 46, 50, 51, 61 и 63 се утврдува задолжителен престанок на правото на користење на градежното земјиште, при што досегашните косирници биле должни да поднесат барање за стекнување на право на сопственост, долготраен закуп и времен закуп со што се повредувал принципот на владеењето на правото.

Тргнувајќи од анализата на наведените оспорени законски одредби, а при тоа имајќи ги предвид наводите во иницијативата, Судот оцени дека во овие случаеви станува збор за лица кои немаат статус на поранешни сопственици на градежно земјиште, па поради тоа тие се други корисници на градежно земјиште одвоени од они е кои имаат статус на поранешен сопственик според членот 2 став 1 точка 7 од Законот и кои не се опфатени со членот 16 од Законот во кој се утврдени условите за приватизација на градежно земјиште на физички лица кои немаат обврска да платаат надомест за приватизацијата.

Имено, според членот 16 од Законот, градежното земјиште на кое постои право на користење на физички лица-поранешни сопственици на градежното земјиште, се приватизира од државна сопственост во сопственост на поранешните сопственици, при што за приватизацијата на градежното земјиште поранешните сопственици немаат обврска да платаат надомест за приватизација.

За лицата-корисници на градежното земјиште кои немаат статус на поранешни сопственици од оспорените членови на Законот не постои уставна пречка законодавецот да утврди начин и услови за приватизација на градежното земјиште со плаќање надомест, при што се нудат можности за стекнување на право на сопственост, долготраен закуп и времен закуп, како стварни права кои одговараат на новиот правен режим на градежното земјиште, кој што веќе не познава право на трајно користење. Истовремено со закон е уредено правото и постапката за стекнување право на долготраен закуп на градежното земјиште, односно за стекнување права на времен закуп на градежното земјиште, како што всушност и законодавецот го регурирал ова прашање со наведените оспорени законски одредби. Оттука немаат основ наводите во иницијативата дека овие стварни права претставуваат “реални товари“ за користење на градежното земјиште.

Со други зборови, со поларизацијата и издвојувањето на лицата кои се со статус на „поранешни сопственици“ за кои приватизацијата се спроведува без товар на надомест кон државата, (поради сето погоре изнесено од кое призлегува дека тие лица за земјиштето не и должат плаќање на државата бидејќи не било стекнато административно со доделување без надомест од државата) и со оној дел од корисниците – физички и правни лица, кои немаат таков статус, Законот ги уредил прашањата за процесуирање на барањата, одлучувањето во управна постапка за приватизацијата, правото на долготрајниот закуп кој ако не се стекне со договор се стекнува по сила на овој закон со решение на управен орган, тоа е право на законодавецот за државната сопственост во случајов на градежното земјиште кое го имаат корисниците да го уреди натамошното користење со закуп, приватизација со товар на надомест како и приватизација без товар на надомест само за поранешните сопственици.

Треба да се има предвид дека општествено-правните лица во поранешниот систем немале право на сопственост ниту статус на „поранешни сопственици“ на земјиште во национализираниот реон, па оттука за нив и за физичките лица кои го користат градежното земјиште стекнато без надомест од државата, се уредени имотно-правните односи во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и за оспорените одредби не може основано да се постави прашањето на уставноста.

Поради изнесеното Судот утврди дека не може да се постави прашањето за согласноста на навед ените оспорени одредби од Законот со принципот на владеењето на правото утврден во член 8 став 1 алинеа 3 од Уставот на Република Македонија.

6. Во однос на оспорениот член 71 од Законот дека со таа се врши одземање на правото на користење на градежното земјиште од правните лица, според мислењето на Судот поаѓајќи од трансформацијата (приватизацијата) на претпријатијата со општествен капитал, земјиштето кое беше на користење на општествените претпријатија не беше предмет на приватизација. Општествено-правните лица како носители на општествен капитал не беа сопственици на земјиштето, ниту можеа да имаат статус на “поранешни сопственици“ како што тоа беше кај физичките лица во поранешниот општествен систем. Оттука, со прометот на приватизираниот капитал (недвижностите, односно станбени и други градби) на новиот сопственик му е пренесуван во сопственост овој капитал, а не и земјиштето кое се движело само како пренесување на правото на користење. Ова поради тоа што продавачот можел да продаде само она што е во негова сопственост, како и да го пренесе она што било само во негово користење како што е случајот со земјиштето. Следејќи го овој правен континуитет законодавецот со оспорениот член 71 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, уредил земјиштето да нема статус на користење и го одзел користењето од носителот на тоа право, бидејќи во основа со овој закон се елеминира корисничкото право, и веднаш во вториот став од истиот член се овозможува приватизацијата на зем јиштето од последниот носител на правото на користење, а тое е сопственикот на објектот.

Ова значи дека државата по барање на сопственикот на објектот има обврска да го приватизира правото на користење на градежното земјиште во право на сопственост на земјиштето или по сила на овој закон согласно членот 46 од Законот правото на користење по службена должност преминува во право на долготраен закуп или согласно членот 56 од Законот, право на времен закуп на градежното земјиште.

Имајќи го предвид изнесеното, Судот утврди дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот член 71 од Законот со уставот.

Во однос на оспорениот член 75 од Законот, Судот оцени дека државата заради јавен интерес утврден со закон може, односно има право да го одземе користењето на градежното земјиште, при што треба да се има во предвид дека станува збор за одземање на корисничко право , а не за одземање на сопственост на земјиште, што значи приватизацијата на градежното земјиште не е реализирана и одземањето заради јавен интерес не може да запре во однос на она земјиште врз кое сеуште постои корисничко право (приватизацијата според Законот овозможува и закуп).

Поради овие причини не може да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од членовите 71 и 75 од Законот со Уставот.

7. Оспорената одредба од член 18 став 2 точка 2 од Законот е веќе оценета од Судот, кој со решение У.бр.215/2005 од 17 и 18 мај 2006 година не поведе постапка за оценување на неговата уставност . Притоа, Судот, изразил став дека утврдувајќи ги децидно случаите во членовите 18 и 20 од Законот во кои се смета дека правото на користење на градежното земјиште е стекнато без надомест очигледно е дека законодавецот се раководел од законската регулатива што своевремено важела за доделување на градежното земјиште во општествена, односно државна сопственост за изградба на згради и други објекти и за промет на згради и други објекти. Ова пред се од причина што во сите овие случаи се работи за категорија на корисници на градежно земјиште кои правото на користење го стекнале без надоместок, а во оваа категорија спаѓаат и корисниците од оспорената одредба од членот 18 став 2 точка 2 од Законот.

Поради тоа во однос на оспорениот член 18 став 2 точка 2 од Законот Судот согласно членот 28 алинеа 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија иницијативата ја отфрли.

Со иницијативата се опспорува целиот став 2 (кој има три точки) на членот 18, меѓутоа, наводи има само за ставот 2 точка 2, па поради Судот одлучи да ја отфрли иницијативата и за членот 18 став 2 точки 1 и 3 од Законот.
8. Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.140/2005 од 21 јуни 2006 година го укинал членот 81 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (“Службен весник на Република МАкедонија“ бр.4/2005 година).
Во образложението на решението стои дека:

“Според Судот, условувањето, како што е определено во оспорената одредба дека правото на користење на градежното изградено земјиште во државна сопст веност не може да се пренесува со пренесување на сопственоста на објектот, доколку претходно не било поднесено барање за приватизација на земјиштето, всушност значи ограничување на правото на сопственост и слободниот промет на пазарот. Ова поради тоа што членот 3 став 1 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.53/2001), кој е општ закон со кој се уредува режимот на градежното земјиште е дефинирано дека градежното земјиште претставува изградено и неизградено земјиште планирано за градење со просторни и урбанистички планови и актите што ги заменуваат тие планови.“

Со оглед на тоа што Судот го укинал член 81 од Законот и веќе тој не постои во правниот поредок, согласно членот 28 алинеа 3 од Деловникот од Уставниот суд на Република Македонија, Судот иницијативата ја отфрли поради процесни пречки за одлучување по неа.

9. Подносителот на иницијативата го оспорува и членот 24 од Законот, како и Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапка за наплата на надоместот за приватизација на градежното земјиште, сметајќи дека Владата на Република Македонија на арбитререн начин го уредувале правото на надоместот на градежното земјиште.

Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.185/2007 од 7 мај 2008 година не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 24 став 1 од Законот како и уставноста и законитоста на оспорената Уредба и изрази став дека пропишувањето на висината на надоместот за градежното земјиште што е предмет на приватизација е во функција на операционализација на одредбата од членот 24 став 1 од законот кој исто така бил оспорен од страна на подносителот на иницијативата.

Со оглед на тоа што оспорениот член 24 став 1 од Законот и оспорената Уредба биле предмет на оценување пред Уставниот суд на Република Македонија, а имајќи го предвид фактот дека во иницијативата нема наводи врз основа на кои Судот поинаку би одлучувал, Судот согласно членот 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија иницијативата ја отфрли.

По однос на оспорениот став 2 на членот 24 од Законот, Судот утврди дека не може да се постави прашањето за неговата согласност со Уставот од причина што Владата на Република Македонија заради определување на висината на надоместокот за приватизација закупнина за долготраен закуп и времен закуп на градежното земјиште е овластена со закон да врши реонизација на зоните на градовите и населените места во Република Македонија, при што таа ги користи зоните утврдени претходно од општините.

10. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

11. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите: Лилјана Ингилизова Ристова , Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.199/2007
09 јули 2008 година
С к о п ј е
лк/сд

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски