194/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 26 март 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката бр. 08 – 1086/1 од 22.07.2002 година на Советот на Општина Карпош за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за урбанистичка единица за населба Влае (МЗ “Влае 1” – Дел Б) – Скопје.

2. Д-р Зоран Анчевски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија, му поднесе иницијатива за оценување законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата и појаснувањето на иницијативата се наведува дека со оспорената Одлука биле повредени членовите: 10 став 7, 11 став 3 и 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбани стичко планирање и Законот за сопственост и други стварни права. Повредата била направена на начин што Одлуката била донесена врз основа на јавната анкета во која иницијаторот не земал учество. Исто така, се наведува дека не бил направен увид во целокупнат а уредна градежна документација и не биле прифатени забелешките на иницијаторот истакнати во неговата Забелешката на Нацрт – Одлуката упатена до Советот на Општината и неговиот Приговорот упатен до Градоначалникот на Општината.

Инаку, во иницијативата се дава генезата на правото на сопственост и правото на доделување на градежното земјиште за кое е заинтересиран иницијаторот, која генеза се поткрепува со уредна градежна документација. Врз основа на доказите се истакнува дека 68 м2 од дворното место што г и користел иницијаторот во период од 12 години, со измената на планот припаднале во локацијата на други лица, како и тоа дека оваа спорна површина е одземена од поранешниот сопственик Пецевски Благоја пред 15 години со соодветен надоместок, а за дооформување на локацијата на иницијаторот.

3. Судот на седницата утврди дека с поред содржината на член 1 од оспорената Одлука, со Одлуката се врши изменување и дополнувања на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Урбанистичката единица за населба Влае/МЗ “Влае 1” – дел Б/ – Скопје, како и тоа дека Одлуката е изра ботена во целост согласно одредбите за спроведување на Основниот урбанистички план на Град Скопје. Во членот 2 децидно се наведува границата на локалитетот на кој се однесува измената и дополнувањето на планот. Во членот 3 е опишано кои сй акти ја чинат со држината на Планот. Во член 4 е определено дека Планот се заверува со печат на Советот на Општината и потпис на Претседавачот на Советот на Општината. Според содржината на членот 5 се задолжува надлежното Одделение на Општината во рок од 60 дена од завршув ањето на целосната законска постапка за донесување на ДУП да обезебеди комплетна документација за реализација на планот. членот 6 го регулира прашањето за местото на чување на Планот. Во членот 7 е определно дека Одлуката влегува во сила осмиот ден од дено т на објавувањето во “Службениот гласник на Град Скопје”. Одлуката е донесена од Советот на Општината Карпош под број 07-1080/1 од 19 јули 2002 година.

4. Исто така, од предложената документација од страна на иницијаторот, Судот утврди дека предметните 68 м2 биле одземени од владение од поранешниот сопственик Пецевски Благоја од Скопје, со правосилно решение У.бр.13-745 од 8.10.1987 на Општинскиот секретаријат за финансии и имотно правни работи при Собранието на Општината Карпош. За ова одземено земјиште правните наследници на поранешниот сопственик постигнале спогодба бр.13-745/87 од 17.07.1992 година со Републичката управа за имотно – правни работи за исплата на паричен надоместок во вкупен износ од 45.101 денар.

За истата површина на иницијаторот му било признато првенствено право на користење на градежно неизградено земјиште врз основа на решение У.бр.13-611 од 9.05.1988 година донесено од Општинскиот секретаријат за финансии и имотно правни работи на Собранието на Општината Карпош. Временски, признавањето на правото следи пред определувањето на надоместокот. Инаку иницијаторот врз основа на ова решение и друга уредна градежна документација изградил индивидуален објект, а истиот на 26.10.2001 година извадил и копие од катастарскиот план од Државниот завод за геодетски работи, според кој план КП.бр.75/13 има објект од 120 м2 и дворно место со површина од 536 м2 или вкупна површина од 656 м 2.

На 17.06.1999 година, Главниот архитект на Град Скопје, на барање на Општината Карпош покренал иницијатива за изработка на измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план за населбата “Влае 1”.

Институтот ИН-ПУМА од Скопје во декември 2000 година направил стручна ревизија на Нацрт-ДУП за населбата “Влае 1 У.Е. 35” од Скопје.

Одговорот на ревизијата е направен во февруари 2001 година од страна на А.Д. “ЗУАС” од Скопје.

Секторот за уредување на просторот при Министерството за транспорт и врски дало стручно мислење бр.13-1507 од 5.03.2001 година во кое е наведено дека по вградувањето на сугестиите и за белешките може да се пристапи кон процедурата за усвојување на планот.

Главниот архитект на Град Скопје дал стручно мислење бр.18а-806/1 од 23.05.2001 година, дека Нацрт-Планот за измена и дополна на ДУП во целост е изработен според одредбите за спроведување на Генералниот урбанистички план на Град Скопје и Општината може да отпочне со постапката за донесување на Нацрт-Планот.

Советот на Општината Карпош донел Заклучок бр.07-544/3 од 30 мај 2001 година со кој ја утврдил Нацрт-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на ДУП и определил организирање на јавна анкета во траење од 20 дена. Соопштението за организирање на јавна анкета е објавено во весникот “Дневник” на 4 јуни 2001 година.

Од Записникот број 03-25/3 од 25.06.2001 год, произлегува дека во текот на спроведената јавна анкета одржана во периодот 4.06.2001 година до 23.06.2001 година пристигнале вкупно 239 анкетни листа.

Во анкетниот лист број 48 лицата Петре и Боге Пецевски навеле дека бараат зголемување на површината з а градба и зголемување на урбанистичката парцела, а од причина што таа била поранешна сопственост на нивниот дедо, па иако имало формално одземање истото не било реализирано. Во прилог на анкетниот лист е доставено и копие од катастарскиот план бр.1201/2317 од 23.12.1996 година издадено од Републичката геодетска управа во Скопје.

Иницијаторот во анкетниот лист број 91 немал никакви писмени забелешки, а во точката 6 од анкетниот лист напишал “види прилог”.

Советот на Општината Карпош на 25 декември 2001 година донел Програма за уредување на градежното земјиште за просторот на Општината Карпош за 2002 година. Во точката 4.2 од Програмата е означено дека истата се однесува и на пренесени обврски од 2001 година за изработка на ДУП “Влае 1”.

Според извештајот за неприфатените забелешки број 08-851/1 од 14.02.2002 година, забелешката на иницијаторот не е прифатена од причина што било оценето дека била почитувана сопственоста.

Градоначалникот на Општината Карпош со писмо број 08-393 од 26.03.2002 година с е обратил до Државниот катастар – Основна единица Скопје, Одделение за премер и катастар со барање да се произнесе дали копието на катастарскиот план од 1996 година или копието на катастарскиот план од 2001 година е веродостојно за да ја продолжи натамошната постапка за измена на Планот.

На 14.06.2002 година, Градоначалниот на Општината сочинил известување по извештајот.

Министерството за транспорт и врски-Сектор за уредување на просторот дало согласност број 07-851/6 од 20.06.2002 година на Предлг-Планот за изменување и дополнување на ДУП.

Надлежните комисии на Советот на Општината доставиле извештај број 07-897/2 од 8.07.2002 година до членовите на Советот на Општината Карпош, во кој се предлага Советот да ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за ДУП.

Оспорената Одлука е донесена од Советот на Општината Карпош под број 07-1080/1 од 19 јули 2002 година, истата е објавена во “Службениот гласник на Град Скопје” број 10 од 22 јули 2002 година.

Државниот Завод за геодетски работи-Сектор за премер и катастар со писмо УП.бр.1113/1006 од 31.07.2002 година, го известил Градоначалникот на Општината дека по извршениот увид во катастар-скиот план за КО Ѓорче Петров се констатирало дека копието од катастарскиот план од 23.12.1996 година ја отсликува вистинската состојба содржана во катастарскиот план.

5. Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Служ-бен весник на Република Македонија” бр.4/96) влезе во сила на 3 февруари 1996 година, после што се направени повече измени и дополнувања и тоа со донесување на:

– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.28/97), што влезе во сила на 28 јуни 1997 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.18/99), што влезе во сила на 8 април 1999 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (“Службен весник на РМ” ; бр.53/01), што влезе во сила на 20 јули 2001 година;
– Закон за изменување и дополнување на Законот (” Службен весник на РМ” бр.45/02), што влезе во сила на 6 јули 2002 година.

Во конкретниот случај во периодот на траењето на постапката, па се до донесувањето на сега оспорена Одлука во примена биле сите соодветните одредби од основниот Закон и измените на Законот од 1999, 2001 и 2002 година, бидејќи постапката започнала на 17.06.1999 година, а завршила на 19 јули 2002 година. Инаку иницијаторот ја оспорува Одлуката од аспект на несогласност со членовите 10 став 7, 11 став 3 и 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање донесен во 2001 година, кои одредби всушност се однесуваат на членовите: 17 став 7, 18 став 4 и 21-а од основниот Закон.

Од изнесената фактичка состојба произлегува дека, најголемиот дел од дејствијата во постапката за измена и дополна на Планот се превземени според одредбите на Законот од 1999 година, а сметано од иницијативата за измена на Планот до соопштението за организирање на јавната анкета. Натамошните дејствија се спроведени според одредбите на Законот од 2001 година, а воедно членот 26 став 3 од овој Законот предвидел започнатите постапки за донесување на урбанистичките планови да продолжат според одредбите на овој Закон. Од друга страна измените на Законот од 2002 година не се однесуваат на одредбите на кои се заснова иницијативата, ниту на одредбите што се однесуваат на постапката за донесување на урбанистички планови. Од овие причини оспорената Одредба беше предмет на оценка од аспект на нејзината согласност со одредбите на Законот од 2001 година.

Од содржината на член 17 од Законот, кој а се однесува на деталните урбанистички планови произлегува дека плановите од член 7 од овој закон се изработуваат како нацрт и предлог на план, а по нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета.

Одлука за јавна анкета по нацрт деталниот урбанистички план во општината донесува градоначалникот на општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на општинската администрација (член 17 став ).

Според член 18 од Законот, јавната анкета по деталниот урбанистички план ја организира општината и се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 10 дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, доставуваат писмени забелешки на анкетни листови до организаторот на анкетата. За времето и местото каде ќе биде изложен планот задолжително се објавува соопштение во јавните гласила. Извештај за јавната анкета за деталните урбанисти?ки планови со образложение за неприфатените забелешки изработува општината (став 4).

Според содржината на член 21-а од Законот, при израбо-тувањето на урбанистички план од членот 7, точка 2, општ акт од членот 25 и урбанистички проект од членот 32 на овој закон, задолжително се применуваат нормативи и стандарди за уредување на просторот. Со стандардите и нормативите од став 1 на овој член се утврдуваат основите за порационално планирање, уредување и користење на просторот, создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните. Стандардите и нормативите од ставот 1 на овој член ги донесува министерот надлежен за работите за уредување на просторот.

6. Тргнувајчи од изложената фактичка и правна состојба, како и врз основа на сета приложена документација, произлегува дека оспорената Одлука за измена на ДУП е донесена во законски предвидена постапка, о д страна на законски определени органи со запазување на сите фази на постапката за изменување и дополнување на деталниот урбанистички план. При тоа почитувани се одредбите од основниот Закон за просторно и урбанистичко планирање и одредбите од измените и д ополнувањата на Законот, според временскиот период во кој се спроведувале одделните фази на постапката, со оглед на што Судот оцени дека во постапката не се сторени повреди на одредбите од Законот на кои се укажува во иницијативата.

Имено, според Судот, нема повреда на членот 10 став 7 од Законот донесен во 2001 година, со која одредба во членот 17 од основниот Закон се додава нов став 7. Ова од причина што на денот на стапување во сила на Законот од 2001 година (20 јули 2001 година) постапката била во фаза на претходно утврден нацрт план (30 мај 2001 година) и спроведена јавна анкета (4 до 23.06.2001 година), според одредбите од Законот од 1999 година. Одредбата од измената на Законот, на која се заснова иницијативата ја регулира обврската на Градонача лникот на Општината да донесе Одлука за организирање јавна анкета по утврдување на Нацрт – Планот од страна на општинската администрација, а оваа одредба не можела да најде примена бидејќи таквата обврска за градоначалникот настапила со подоцнежната измена на Законот.

Според Судот, исто така не е сторена повреда и на членот 11 став 3 од Законот од 2001 година или член 18 став 3 од основниот Закон. Најнапред, оваа одредба го регулира прашањето за изготвување на извештај за стручната расправа од страна на министерството надлежно за работите на просторното планирање за плановите од членот 17 став 4 на овој закон, во кои планови не спаѓа ДУП. Од друга страна извештај за јавната анкета со образложение за неприфатените забелешки, според ставот 4 на членот 18 о д Законот, изработува Општината, а таков извештај неспорно е направен под број 08-851/1 од 14.02.2002 година, од страна на Градоначалникот како орган на Општината.

Од друга страна, причините за неприфачање на изнесе-ните забелешки по спроведената анкета од кои се раководела Општината не можат да биде предмет на оценка од страна на Уставниот суд. Во секој случај во спороведената постапка Општината обезбедила правно покритие за неприфаќањето на забелешката на иницијаторот преку известувањето од Државниот За вод за геодетски работи – Сектор за премер и катастар УП.бр.1113/1006 од 31.07.2002 година. Известувањето е направено врз основа на увидот во катастарскиот план за КО Ѓорче Петров при што се констатирало дека копието од катастарскиот план од 23.12.1996 год ина ја отсликува вистинската состојба содржана во катастарскиот план, наспроти копието од катастарскиот план приложено од иницијаторот. Од тука иако не може да биде предмет на оценка од страна на Уставниот суд, не стојат и наводите од иницијативата дека ин ицијаторот не земал учство во јавната анкета и не била разгледана неговата документација.

Исто така, според Судот, нема ни повреда на ченот 21-а од Законот од 2001 година. Ова од прична што со Согласноста на Министерството за транспорт и врски од 20. 06.2002 година на Предлог – Планот се потврдува примената на важечите нормативи и стандарди за уредување на просторот.

Наводите на иницијаторот по однос на тоа дека Советот на Општината и Градоначлникот не се произнеле по однос на поднесените: Забелешка и Приговор од страна на иницијаторот се ирелевантни по однос на оценката на законитоста на споведената постапка за измена и дополнување на Планот, од аспект на уставно-судска оценка.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр. 194/2002
26 март 2003 год.
С к о п ј е
л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов