19/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија и член 12 став 1 алинеја 1 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на Македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 27 мај 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА барањето Уставниот суд на Република Македонија да даде мислење дека е во согласност со закон член 51 од Правилникот за работни односи на домот на културата “Коичо Рацин” во Скопје, донесен од Советот на 12 декември 1983 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива Судот да даде мисење дека членот 51 од правилникот означен во точката 1 од ова решение бил во согласност со закон.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценување уставноста и законитоста на оспорениот член во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, поради што оцени дека не е надлежен да одлучува по барањето.
Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.