171/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 19 октомври 2005 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 5 став 2 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на делот од членот 5 став 2 од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата со оспорениот дел од ставот 2 на членот 5 од Законот за договорна хипотека се повредувал членот 96 од Уставот на Република Македонија.

Имено, според подносителот на иницијативата, носителот на законодавната власт на Република Македонија не ја почитувал темелната вредност на уставниот поредок на Република Македонија – владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот и не можел да го пропише оспорениот законски дел.

3. Судот на седницата утврди дека според член 5 од Законот, по извршениот упис на правото на хипотека, промена или нејзин престанок, органот надлежен за водење на јавната книга во која се врши овој упис, промена или престанок на правото на хипотека по службена должност – со електронска пошта или на друг соодветен начин ги внесува сите релевантни правни податоци во врска со правото на хипотека во централната база на податоци при централниот регистар.

На уписот на правото на хипотека, промената или нејзиниот престанок соодветно се применуваат одредбите од Законот за залог на подвижни предмети и права и подзаконските акти донесени врз основа на тој закон.

4. Согласно член 85 од Законот за договорен залог (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2003) со денот на влегување во сила на овој закон престануваат да важат Законот за залог на подвижни предмети и права (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/1998, 48/1999 и 86/2000) и Законот за договорна хипотека (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000 и 86/2000).

Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по истата.

Од причина што оспорениот Закон за договорна хипотека престанал да важи односно оспорената одредба е дел од закон кој е надвор од правниот поредок, Судот оцени дека во случајов не постојат процесни претпоставки за одлучување по предметот.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.171/2005
19 октомври 2005 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова