167/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 28 февруари 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за постапката, начинот и условите за приклучување на нови корисници на вода како и зголемување на едновремениот проток на постојните корисници на вода, усвоен со Одлука на Работничкиот совет на Јавното комунално претпријатие ” Водовод ” Битола бр.02.681 од 21 декември 1992 година.
2. Елизабета Оцеви? Мандева од Битола на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што тој не бил во согласност со Уставот, Законот за комуналните дејности. Имено со оспорениот правилник се воведувало надоместок за водоприклучна согласност како јавна давачка за гра?аните за финансирање на работата на јавното претпријатие.
Истовремено со иницијативата се бараше Судот да донесе времена мерка.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорениот правилник се уредуваат условите, начинот и постапката за приклучувањето на нови корисници на вода, како и на зголемувањето на едновремениот проток на вода кај постојните корисници односно се воведува надоместок за водоприклучна согласност како извор на средства за финансирање на материјалната основа за вршење на водостопанска дејност.
Понатаму Судот утврди дека на 13 февруари 2001 година Управниот одбор на ЈКП “Водовод” од Битола донесол Одлука бр.02-139/4 со која се укинува оспорениот правилник.
4. Согласно член 28 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ?е ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со оглед на тоа што оспорениот акт престанал да важи, Судот смета дека постојат процесни пречки односно се исполнети условите од член 28 од Деловникот и одлучи како во точката 1 од ова решение.
Во врска со барањето за времена мерка Судот смета дека со оглед на тоа што нема процесни претпоставки за водење на постпаката по иниција тивата нема основи и за изрекување на времена мерка.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков. д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.167/2000
28 февруари 2001 год.
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов