У.бр.155/2013

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 04 март 2015 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста член 129 во делот

2. Стамен Филипов, до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 на ова решение.

Во иницијативата се наведува дека оспорените делови од одредбите на членовите 129 и 130 став 1 биле во спротивностсо член 8 став 1 алинеи 1 и 3, член 9 став 2, член 32 став 5 и член 51 од Уставот на Република Македонија и член 3 став 2,член 12 ставовите 2, 3 и 4 и член 181 од Законот за работните односи, затоа што работниот однос можел да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор, а не како што било предвидено со оспорениот дел од одредбите. Воедно, правата од работен однос утврдени со Устав, закон и колективен договор не можело да се одземет или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.

Според наводите во иницијативата, правото на жалба или друг орган на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува само со закон а не со подзаконски прописи кои се донесени врз основа на закон, како што е пропишано со оспорениот дел од член 130 став 1 од Колективниот договор.

Според член 129 од Колективниот договор на Министерството за одбрана, на работникот му престанувал работниот однос под услови, на начин и во постапка пропишани во Законот за работните односи, Законот за служба во Армијата на Република Македонија, Законот за државните службеници, Законот за јавните службеници и подзаконски прописи кои се донесени врз нивна основа. Меѓутоа, согласно член 3 став 2 од Законот за работните односи, работниот однос можел да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор, а не на начин и под услови утврдени во подзаконски прописи кои биле донесени врз основа на закон, како што се пропишувало со оспорените делови од одредбите на Колективниот договор.

3.Според член 110 став 1 алинеите 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.129/2014 од 11 февруари 2015 година ја оценувал уставноста на одредбата од член 129 и член 130 од Колективниот договор. Во однос на оспорениот член 129 од Колективниот договор во кој е предвидено дека на работникот му престанува работниот однос под услови, на начин и во постапка пропишани во Законот за работни односи, Законот за служба во Армијата на Република Македонија, Законот за државните службеници, Законот за јавните службеници и подзаконски прописи кои се донесени врз нивна основа, Судот изразил став дека не може да се доведе под сомнение по однос на Уставот на Република Македонија и позитивните законски норми кои го уредуваат ова прашање, а пред се поради различноста на профилот навработени во областа на одбраната и безбедноста, како и карактерот и доверливоста на начинот на работењето коедопушта и со подзаконски акт да се регулира ова мошне суптилно, чувствително и истовремено суштинско прашање од работните односи.

По однос на оспорениот член 130 од Колективниот договор, Судот оцени дека вработените во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија заштитата на своите права од работен однос ја остваруваат согласно законите кои децидно се наведени во оваа оспорена одредба. Што се однесува, пак, до формулацијата: ”и подзаконските прописи кои се донесени врз основа на нив”, според Судот истата особено се однесува на воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата на Република Македонија. Во постапката за заштита на нивните права од работен односсе постапува и согласно Правилата за служба во Армијата на Република Македонија, поради што и егзистира ваквата формулација во оспорената одредба на членот 130 од Колективниот договор.

Тргнувајќи од наведената анализа на секој оспорен член одделно како и од целата содржина на Колективниот договор, Судот оцени дека основната цел на овој Колективен договор е да утврди поголеми и поповолни права за вработените од основните права утврдени со Закон. Оттука, оспорените делови на наведените членови од Колективниот договор обезбедуваат остварување на веќе утврдените законски права правата дадени во Колективниот договор. Подзаконските прописи имаат за цел да обезбедат комплементарност со Устав, Закон и Колективниот договор при разработувањето на правата и обврските регулирани во нив.

Законот за служба во Армијата на Република Македонија содржи низа одредби кои упатуваат, односно даваат можност и обврска токму поради спецификата на воената служба и лицата кои ја вршат, одреден дел од прашањата уредени во овој закон да се доуредат и со подзаконски прописи, односно акти на министерот за одбрана,кое не е во спротивност со член 1 став 2 од Законот за работните односи.

Имајќи го во предвид наведеното по однос на оспорените делови на членовите од 129 и 130 Колективниот договор, според Судот истите не се во спротивност со член 8 став 1 алинеи 1 и 3, член 9 став 2, член 32 став 5 и член 51 од Уставот на Република Македонија и со член 1 став 2, член 12 ставови 2, 3 и 4 од Законот за работните односи.

Со оглед на тоа што и во предметната иницијатива оспорените одредби се оспоруваат од исти причини како и во претходно наведеното Решение У.бр.129/2014 од 11 февруари 2015 година и во отсуство на основи за поинакво одлучување, Судот оцени дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата по основ на res judicata, согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд.

4. Тргнувајќи од наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе, во состав од претседателот на Судот Елена Гошева и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.

У.бр.155/2013
04.03.2015 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева