14/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 28 став 1 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија”бр.70/92), на седницата одржана на 1 март 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста и законитоста на Решението за телесно оштетување на Славчо Миланов од Скопје, донесено од Самоуправната интересна заедница за пензиско и инвалидско осигурување – Заедница за здравствена заштита на 23 јули 1991 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија Славчо Миланов од Скопје му поднесе иницијатива за оценуваење уставноста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што утврдениот износ за телесно оштетување е минимален и претставува нечовечно и понижувачко однесување спрема лицата инвалиди.
3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа се бара оценување уставноста и законитоста на наведениот акт за што Уставниот суд на Република Македонија, според член 110 од Уставот на Република Македонија не е надлежен да одлучува, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.
4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р С тојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.14/95