127/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 17 мај 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на Законот за исплата на платите во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/94), во целина и посебно на членовите 1, 2, 3, 4, 5, 7 и 9.
2. На Уставниот суд на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение. Во иницијативата се наведува дека решенијата во Законот биле спротивни на членот 55 од Уставот, затоа што со нив не се уредувало исплата на платите туку се ограничувала исплатата и тоа само во претпријатијата со доминантен општествен капитал, со што правните субјекти се доведувале во нееднаква положба на пазарот според видот на сопственоста на средствата со кои работеле, а со тоа се доведувала во прашање и еднаквоста на вработените во смисла на член 9 од Уставот. Сојузот на синдикатите смета дека со оспорениот закон не се уредувале прашањата кои значеле разработка на уставното право на работникот на соодветна заработувачка и начинот на остварувањето на тоа право како право од работен однос, односно утврдување на најниско ниво како социјална мерка, туку со него се вршела контрола односно непос редно се ограничувале платите во функција на остварување стабилизација на економските текови и на стопанството во целост, што не било во согласност со членот 32 од Уставот. Понатаму, синдикатот смета дека одредени правни лица односно субјекти на пазарот кои припаѓале на гранки со изразито високи просечни нето плати по работник доколку се обврзани да пресметуваат и испла}аат даноци и придонеси согласно член 5 од оспорениот закон, нема да се во можност да исплатат никакви плати. Исто така, синдикатот смета дека членот 7 од оспорениот закон не бил во согласност со Уставот, бидејќи допуштал право на повисоки плати на вработените во правните лица кои работеле со загуба, а кои оствариле високо ниво за декември 1994 година, а ги ограничувале правните лица кои успешно работеле, но оствариле ниска декемвриска плата. ^ленот 9 од оспорениот закон, според подносителот на иницијативата, не бил во согласност со Уставот, бидеј}и правото на исплата на надоместоци кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и материјални расходи се уредувало со колективни договори.
3. Судот на седницата утврди дека според член 1 со овој закон се уредува исплатата на нето платите и одделни надоместоци кај правните лица со седиште во Република Македонија.
Одредбите на овој закон, освен на членот 5, не се однесуваат на правните лица кај кои пове}е од 70% од средствата се во приватна сопственост.
Согласно членот 2, правното лице кое врши дејност распоредена во областа од 01 до 11 и правното лице кое врши дејност во областа од 12 до 14 кое е регистрирано како претпријатие, нето платите ги исплатува во согласност со општиот акт, колективен договор и овој закон.
Според членот 3, правното лице од членот 2 на овој закон, нето платите за месец јануари 1995 година и натаму ги исплатува до висина на правото што го утврдило за месец декември 1994 година согласно со Законот за исплата на платите и пензиите во Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.78/93) и зголемено најмногу до: планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот месец во однос на претходниот месец намалена за 0,5 процентни поени, односно остварената доколку таа е еднаква или е под планираната стапка на пораст на трошоците на живот и 50% од разликата – меѓу остварената и планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, доколку остварената стапка е повисока од планираната стапка на трошоците на живот. Доколку просечната месечна нето плата по работник кај правното лице исплатена за месец декември 1994 година е пониска од 75% од просечно исплатената во стопанството за месец декември 1994 година, според објавените податоци на Републичкиот завод за статистика, правното лице може правото за плата за месец јануари 1995 година да го зголеми најмногу до 80% од разликата меѓу платата за месец декември 1994 година и нивото до 75% од просечната плата во стопанството. Правното лице од ставовите 1 и 2 на овој член платите за месец јули 1995 година и натаму ги исплатува до висина на правото што го утврдило за месец јуни 1995 година согласно со овој закон и зголемено најмногу до остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец.
Согласно членот 4, правното лице кое врши д ејност распоредена во областите од 12 до 14, освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, нето платите за месец јануари 1995 година и натаму ги исплатува до висина, на правото што го утврдило за месец декември 1994 година согласно со Законот за исплата на платите и пензиите во Република Македонија (“Слу жбен весник на Република Македонија” бр.78/93) и зголемено најмногу до: планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот месец во однос на претходниот месец намалена за 1 процентен поен, односно остварената, доколку таа е еднаква или е под планираната стапка на пораст на трошоците на живот и 50% од разликата меѓу остварената и планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, доколку остварената стапка е повисока од планираната стапка на трошоците на живот. Правното лице од ставот 1 на овој член платите за месец јули 1995 година и натаму ги исплатува до висина на правото што го утврдило за месец јуни 1995 година согласно со овој закон и зголемено најмногу до: планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот месец во однос на претходниот месец намалена за 0,5 процентни поени, односно остварената, доколку таа е еднаква или е под планираната стапка на пораст на трошоците на живот и 50% од раликата меѓу остварената и планираната стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, доколку остварената ста пка е повисока од планираната стапка на трошоците на живот.
Членот 5 предвидува дека, платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата, не може да биде пониска од 65% од просечната месечна нето плата по работник во гранката на која и припаѓа правното лице регистрирано согласно Уредбата за единствена класификација на дејностите, објавена во тековниот месец. Министерството за труд и социјална политика до 25 во тековниот месец ја утврдува основицата од ставот 1 на овој член и истата ја објавува во “Службен весник на Република Македонија”.
Членот 7 утврдува дека правното лице кое ќе искаже загуба по годишната пресметка за 1994 година, се додека не ја покрие загубата со годишната пресметка од дотации и со отпис на побарувањата на доверителите на товар на неноминираниот капитал, платите по вработен ги исплатува најмногу во висина од 90% од правото утврдено согласно со членовите 3 и 4 на овој закон. Одредбата од ставот 1 на овој член не се однесува на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Републичкиот завод за вработување и Фондот за здравствено осигурување.
Според член 9, правното лице може да врши исплата на надоместоците кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и материјални расходи и тоа најмногу до: 60% за регрес за годишен одмор и двократен износ за отпремнина при заминување на работникот во пензија. Надоместоците од ставот 1 на овој член се пресметуваат врз оснвоа на просечната нето плата по работник во стопанството на Републиката објавена до денот на исплатата.
Надоместокот од ставот 1 алинеја 1 на овој член се исплатува еднаш во текот на годината. Доколку надоместокот се исплатува во два дела, вкупниот износ не може да биде повисок од правото утврдено при првата исплата.
4. Според член 32 став 5 од Уставот на Република Македонија, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, а според ставот 3 секој вработен има право на соодветна заработувачка. Согласно членот 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдено со закон и колективен договор.
Од овие уставни одредби произлегува дека секој вработен има право на заработувачка (плата) и тоа соодветна како право што произлегува од неговиот статус на вработен, а остварувањето на тоа право, како и на другите права се уредува со закон и со колективни договори.
Според тоа, правото на соодветна заработувачка и правото на социјална сигурност и социјално осигурување се уставни права на граѓаните и обврска на државата преку законското уредување да обезбеди правна основа за нивното остварување.
Со член 55 од Уставот се гарантира слобода на пазарот и претприемништвото, а Републиката е обврзана да обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и е овластена да презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот, според оваа уставна одредба може да се ограничи со закон единствено заради одбрана на Републиката, зачувувањето на природната и животната средина или здравјето на луѓето.
Согласно член 57 од Уставот, Републиката го потикнува екомскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој, како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја.
Од овие уставни одредби, како и од целината на Уставот, произлегува дека во економската сфера улогата на државата е ограничена на поттикнува ње на економскиот напредок и тоа преку гаранциите на слободата на пазарот и претприемништвото и на правата кои произлегуваат од сопственоста, како и со преземање мерки против монополските состојби.
Законот за исплата на платите во Република Македонија е донесен поради истите при чини и начела како и Законот за исплата на платите и пензиите во Република Македонија, кој беше оспорен пред Уставниот суд и по кој Судот не поведе постапка во делот што се однесуваше на исплатата на платите.
Имено, побрзото опаѓање на физичкиот об ем на индустриското производство од ралниот пад на платите, како и релативно повисоко ниво на платите во вонстопанските дејности од тие во стопанството ја наметнаа потребата од натамошно контролирање на платите и во текот на 1995 година. Според тоа, тргнувај}и од уставното овластување на Собранието на Република Македонија да донесува закони, Собранието со оспорениот закон утврдува контрола на порастот на платите и одделните надоместоци кои имаат карактер на материјални трошоци и заедничк потрошувачка, со цел да се стабилизираат макроекономските текови во Републиката.
Со оглед на тоа што оспорените одредби од Законот во сушина се идентични со одредбите од Законот за исплата на платите и пензиите во Република Македонија, кој беше предмет на оцена пред Уставниот суд, Судот оцени дека расправал за спорните прашања содржани во иницијативата по тој предмет и дека за нив завзел определен став. Според тој став со оспорениот закон се уредуваат прашања кои значат разработка на уставното право на работникот на соодветна заработувачка и начинот на остварувањето на тоа право, как о право од работен однос односно утврдување најниско ниво како социјална мерка и дека во таа функција се врши контрола на монетарната политика преку влијанието на движењето на платите, а заради остварување на стабилизација на економските текови и на стопанството во целост, како и заради остварување на обврските на државата во вршењето на нејзината социјална функција.
Од околноста што содржината на оспорениот закон во основа е идентична со содржината на Законот што веќе бил предмет на оценка, а што престанал да важи заради неговиот времен карактер, Судот оцени дека нема причини Судот да одлучува поинаку, односно дека нема причина да се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од Законот со Уставот.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бах ри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.127/95